Доматот одамна е добро познат бидејќи е присутен во секојдневната исхрана на луѓето. Оваа вкусна намирница потекнува од Јужна и Централна Америка, а во Европа пристигнал за прв пат во Шпанија.

Доматот е основна состојка на медитеранската кујна, а покрај неговите адути за јадење, тој е многу важен и за здравјето на луѓето. Има силен ефект врз многу болести, а одличен е и како превенција за одредени состојби.

Доматот содржи ликопен, кој е еден од најсилните и најефикасните антиоксиданти. Посебно внимание кога станува збор за здравјето на луѓето се посветува на варениот домат и сокот направен од него. Исто така, доматот е богат со витамини Б, Ц и Е, но изобилува и со голема количина на железо, бакар, манган и калиум.

Лековити својства на доматите

Штити од рак

домати

Доматот, како што веќе споменавме, е многу богат со ликопен и тоа го прави одлична превентива за неколку видови на рак, како што се рак на дој-ка, рак на панкреас, рак на дебело црево и проста.

Кога станува збор за овие болести, се препорачува по една чаша сок од домат на ден за превенција. Толку мала количина богата со многу минерали и витамини е доволна за да го заштити организмот од секакви несакани ефекти, кои доведуваат до појава на болести.

Количината од 500 мл сок од домат ќе биде доволна за снабдување на организмот со потребната количина на ликопен. Всушност, ликопенот е многу силен антиоксиданс кој прави целосна детоксикација на организмот.

За подобар вид

Доматот е познат и по тоа што значително го подобрува видот. Во голема мера содржи витамин А, кој го промовира и подобрува видот. Исто така, овој витамин спречува многу оштетувања на видот, како и настанување на макуларна дегенерација.

Постојат научни истражувања кои го потврдуваат фактот за подобрување на видот при редовно консумирање на домат. Визијата се подобрила за 40% кај луѓето кои пиеле чаша домат секој ден.

Подобар квалитет на кр-вта

Интересно е што доматите се богати со железо и калиум, а со тоа ја подобруваат кр-вта и помагаат во лекување на анемија.

Здраво срце

Општо е познато дека црвениот домат е многу важен за кардиоваскуларните проблеми, повторно затоа што содржи голема количина на ликопен, што е многу важно за добрата работа на срцето.

Без разлика дали доматите се користат во исхраната на дневна основа или во форма на сок, нивото на лош холестерол во кр-вта и триглицериди се намалува.

Го подобрува варењето на храната

Бидејќи е одличен во детоксикација на организмот, доматите во голема мера влијаат на работата на цревата и органите за варење. Со цел човечкиот дигестивен систем да остане витален и здрав, неопходно е да се јаде домат секој ден преку исхраната.

Целерот е богат со витамини и минерали и има низок гликемиски индекс. Тоа значи дека има рамномерен ефект на шеќерот во кр-вта и не го покачува неговото ниво. Целерот е одличен за дијабетичари. Изобилува со витамини А, К и Ц и содржи минерали како калиум и фолна киселина

Како што се приближува летото, сите ние бараме волшебна напивка која ќе ги стопи насобраните килограми без тие да се вратат. Ако спаѓате во оваа група, со задоволство ќе чуете дека оваа жена пронајде сок што е направен од само 2 состојки кој ги пржи масните наслаги за рекордно време.

Потребни состојки: 4 мали домати и 3 – 4 дршки целер. За да го направите ефектот на слабеење поефикасен, додајте малку сол и црн пипер во напитокот.

Подготовка: Се подготвува едноставно со ставање на излупените домати и целерот во блендер и блендирајте додека да добиете мазна, хомогена смеса. Истурете во чаша и додајте прстофат сол и црн пипер по вкус.

Се пие секое утро на празен стомак во период од 2 недели. После тоа, пожелно е да се направи пауза од 5 дена, пред повторување на третманот.

Овој напиток ги топи мастите, го намалува стомакот и подуеноста и го намалува холестеролот. Доматите спаѓаат во категоријата на храна со малку калории и затоа се препорачуваат во процесот на слабеење.

Исто така доматите се добар извор на калциум, витамин Ц и железо. Присуството на аминокиселини помага да се создаде карнитин, што дополнително го стимулира процесот на слабеење и помага во топењето на маснотиите. Доматите ќе ве одржат сити и до неколку часа, а поради содржината на ликопен, метаболизмот ќе се забрза. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска