Флавоноидите кои се наоѓаат во какаото се соединенија важни од здравата исхрана за луѓето со кардиоваскуларни проблеми. Дневната потрошувачка на какао го зголемува бројот на активни антитуморски клетки во кр-вта, кои влијаат на функцијата на враќање и одржување на здрави кр-вни садови.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои пиеле какао значително го намалиле кр-вниот притисок. Какаото се добива од плодовите на дрвенастото растение Theobroma cacao кое потекнува од тропските делови на Америка.

Од овие плодови се добива какао масата и потоа од неа и чоколадото, што воедно е и главната употреба на какаото. Кај нас, какао правот се користи уште и како топол напиток.

Какаото е богат извор на полифеноли кои обезбедуваат неколку здравствени бенефити. Нивното дејство се поврзува со бројни здравствени бенефити, како намалување на хроничните процеси на воспаление, подобрување на циркулацијата, намалување на кр-вниот притисок, намалување на холестеролот и шеќерот.

Какаото се смета за еден од најбогатите извори на полифеноли во природата. Особено е богато со флавоноиди, кои имаат моќно антиоксидативно и антивоспалително дејство.

Какаото може да придонесе за намалување на високиот кр-вен притисок

Какаото, и во форма на чоколадо и како какао прав, може да помогне за намалување на кр-вниот притисок. За ова позитивно дејство за одговорни се сметаат присутните флавоноиди.

Според студиите тие можат да го подобрат нивото на азотниот оксид, гас кој може да придонесе за релаксирање на кр-вните садови и за намалување на високиот кр-вен притисок.

Полифенолите помагаат и за подобра функција на мозокот

Подобрената циркулација на кр-вта, влијае и на подоброто снабдување на мозокот со к- рва и сите нејзините хранливи елементи. Флавоноидите можат да ја поминат мозочната бариера и да учествуваат во биохемиските процеси во кои се создаваат невроните и повеќето важни молекули за функционирањето на мозокот.

Какаото исто така, може да има позитивен ефект и на нарушеното расположение и симптомите на деп-ресија. Овој позитивен ефект се смета дека се должи повторно на флавоноидите, односно на преминувањето на триптофанот во природниот стабилизатор на расположението – серотонин. Всушност, тоа е чувството на задоволство кое го чувствуваме по консумирање на чоколадо.

Флавоноидите од какаото можат да ги намалат симптомите кај дијабетес тип 2

Флавоноидите од какаото можат да ја успорат дигестијата на јаглехидратите и нивната апсорпција во дигестивниот тракт, потоа да го подобрат лачењето на инсулинот, да го намалат воспалението и да го стимулираат „внесувањето” на шеќерот, од кр-вта во мускулните клетки.

Какаото може да помогне во намалување на телесната тежина 

Ова својство се должи на способноста на какаото да помогне во регулирањето на метаболитичките процеси, односно намалувањето на апетитот и воспалителните процеси, зголемувањето на оксидацијата на маснотиите и чувството на ситост.

Помага во лекување на астмата

Астмата е хронично воспалително заболување кое предизвикува затворање и воспаление на дишните патишта. Теоброминот и теофилинот можат да бидат од помош за оваа состојба.

Теоброминот е слична компонента на кофеинот и може да помогне при хронична кашлица. Теофилинот пак, ја помага дилатацијата, односно опуштањето на белите дробови и дишните патишта и го намалува воспалението во нив.

Какаото покажува антибактериско дејство, но и низа бенефити за кожата

Какаото содржи повеќе компоненти со антибактериско и имуностимулирачко дејство, кои пред сè, можат да придонесат за здравјето на усната празнина.

Сè повеќе истражувања покажуваат дека редовното консумирање какао може да придонесе за заштита од УВ зраците на сонцето, да ја подобри циркулацијата на кр-вните садови во кожата, но и да ги подобри нејзината текстура и хидратација.

Рецепт: Какао и мед за анемија

Потребни состојки: 250 мл вода, 2 лажички какао, 1 лажичка мед.

Постапка: Зовријте ја водата, а во неа додајте го какаото и промешајте. Откога ќе се подигне течноста (исто како кафе), прелијте ја во чаша и почекајте малку да се подизлади.

Откога ќе се излади течноста, додајте една лажичка мед во какаото. Консумирајте ја оваа мешавина секој ден за да ја излечите анемијата и да го подобрите железото во кр-вта.

Прочитајте ја и следната статија: Со овие чаеви заменете го кафето за време на посните денови, ќе ви дадат повеќе сила и енергија

За време на постот, од исхраната се елиминира месо, јајца, млечни производи и друга храна од животинско потекло. Но, може да биде проблем и голем шок за организмот доколку не најдеме соодветна замена за постот, особено кога станува збор за луѓе кои се физички под ст рес во текот на денот.

За да остане организмот силен и здрав за време на постот, рускиот билкар Димитриј Јуровски советува да се замени кафето со следниве билни чаеви, бидејќи тие ја зголемуваат виталноста и го компензираат недостатокот на витамини во организмот.

Кантарион и оригано

Кантарионот и чајот од диво оригано отсекогаш биле високо ценети во Русија. Имаат антиоксидантно и антибактериско дејство, ја зголемуваат отпорноста кон вируси и покрај тоа ги ублажуваат симптомите на депресија.

Измешајте половина лажичка кантарион со иста количина диво оригано. Истурете ја смесата со чаша врела, зовриена вода, а потоа оставете ја да отстои еден час. Консумирајте една до две чаши од овој пијалак дневно, додавајќи малку мед по ваш вкус. Забелешка: Овој чај не се препорачува за бремени жени и пациенти кои стра-даат од хипертензија (висок кр-вен притисок).

Дива јагода

Лисјата од дива јагода често се користат во Русија за правење витамински чаеви. Пијалокат од ова растение помага во борбата против анемија, срцеви заболувања, алергии и леукемија. Додајте две лажици билки во еден литар врела вода. Ставете го пијалокат во топла рерна да отстои два до три часа. Консумирајте две до три чаши чај дневно.

Црна рибизла

Пупките и младите лисја на црна рибизла содржат многу витамини и минерали. Чајот од ова растение ја нормализира циркулацијата на кр-вта, лечи анемија, помага при кожни болести, дијатеза и туберкулоза на лимфните јазли.

Истурете една лажица билки во чаша врела вода. Почекајте да се излади чајот. Пијте една до две чаши чај во текот на денот. Пијалакот се консумира после јадење. Забелешка: Чајот со рибизла не се препорачува за бремени жени и лица со тромбофлебитис.

Бреза

Бреза (Betula pendula) е нежно и елегантно, можеби најпознато дрво во дрворедите и парковите во градот. Во Германија го претставува дрвото на животот околу кое танцуваа вљубените парови.

Се смета за еден од најдобрите диуретици затоа што има многу благ ефект и не ги ири -тира бубрезите. Помага при третман на воспалителни процеси на уринарниот систем, како и проблеми со бубрезите.

Го отстранува вишокот вода од телото, па затоа потрошувачката на овој чај се препорачува за време на ПМС (пет до седум дена пред мен струацијата). Исто така, ја забрзува елими нацијата на штет ните материи од телото и помага да се елиминира целулитот.

Прелијте лажичка листови од бреза со 250 мл врела вода, поклопете и оставете да отстои 15 минути. Потоа процедете и пијте трипати на ден. Консултирате со лекар пред да започнете со користење на овие лекови. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска