Лукот (Allium sativum) одамна е познат како многу моќен природен лек. Познато е дека античките Египјани, во времето на градење на пирамидите, често им давале на своите робови лук за да ги одржуваат во добра состојба. Лукот е главната состојка на стариот тибетски лек чиј рецепт е напишан пред повеќе од 2000 години.

Низ историјата, за време на вој-ните во сите делови на светот и кога постоела глад и сиромаштија, лукот бил важна храна и лек против многу болести. Црниот леб, лукот и киселото млеко се основната храна на стогодишниците од Кавказ.

Нашата народна медицина исто така високо го цени ова растение, па затоа често се наоѓа во многу мевлеми и природни лековити билки. Постојат многу верувања поврзани со ова растение, а едно од нив гласи: „Кој јаде четириесет дена по едно чешне лук секое утро, ќе може да ги гледа ѕвездите во текот на денот.“

Денес, современата медицина, преку научни истражувања, го потврдува целото претходно знаење за ова растение што човештвото го стекнало со вековно искуство пренесувано од генерација на генерација. Голем број на билни препарати базирани на лук се достапни во аптеките ширум светот, кои се користат како помошни лековити и превентивни средства.

Лукот содржи околу 400 активни состојки и е богат со витамини и минерали како аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамини Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, есенцијални масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.

Главната состојка на лукот е алицин, кој има чудесно антибактериско, антивирусно, антифугално, антипаразитско и антиоксидативно дејство, но оваа суперсостојка е одговорна и за нешто друго.

Истражувањата исто така потврдуваат дека лукот има антиканцерогени својства. Редовното консумирање на големи количини лук го намалува ризикот од многу видови на рак, особено рак на ректум и бубрези. Се користи за многу болести во подготовка на разни природни препарати и на различни начини.

На прво место, лукот го намалува кр-вниот притисок, како и нивото на холестерол во кр-вта. Ова растение е природен антибиотик, затоа многу често се користи против настинка и грип, а корисно е и како превенција од овие болести.

Редовното консумирање лук го намалува ризикот од рак, го зголемува имунитетот и производството на антитела во организмот. Потврдено е дека делува против туморските клетки, па затоа е корисно природно помагало за третман на рак.

Ги штити кр-вните садови и го намалува ризикот од срцев и мозочен у дар. Верувале или не, лукот дури го отстранува заморот, напнатоста, вознемиреноста и го подобрува расположението, благодарение на минералот селен што се наоѓа во ова растение.

Лукот делува против цревните паразити, така што луѓето кои редовно ја консумираат оваа храна тешко можат да добијат паразити во цревата. Ламблија (паразитско заболување на цревата) успешно се третира со помош на свеж лук за само неколку дена. Тој е исто така многу моќен борец против габичните инфекции.

Лукот што се користи во мали количини, како додаток во храна што предизвикува гасови ја намалува подуеноста. Инаку, ова растение е одличен антиоксиданс, го забавува процесот на стареење и ефикасно штити од многу хронични заболувања, катаракта, бронхитис и Паркинсонова болест.

Интересно е да се каже дека доилките кои консумираат лук додека дојат имаат поголема количина на млеко. Лукот е одличен за бебињата кои не цицаат доволно и малку јадат.

На самиот почеток на грип или настинка, добро е да јадете едно или две чешниња лук. Ова растение ефикасно ги у ништува бактериите, вирусите и габите, па првично може да спречи понатамошен развој на болеста.

Лукот има лековити својства и во свежа и во варена форма, а важно е да знаете дека се препорачува употреба на свеж лук против паразити, габи, вируси и бактерии. Во варена форма, дава најдобри резултати за заштита на кр-вните садови, од срцев у дар и тромбоза, додека варениот лук се препорачува како заштита од рак.

Уште во далечното минато, црвеното вино било употребувано како природен лек и се сметало дека монасите живееле многу долго, помеѓу останатото и бидејќи редовно консумирале помали количини црвено вино.

За умерена консумација, според повеќето релевантни институции кои се занимаваат со нутриција и храна, се смета една чаша црвено вино за жени и до две за мажите. Сепак, кај некои луѓе со одредени заболувања ниту овие количини не се дозволени.

Компонентата ресвератрол е онаа која е одговорна за повеќето корисни дејства по здравјето кое ги поседува црвеното вино. Ресвератролот е компонента која ја создаваат некои растенија како заштитен механизам од инфекции со бактерии и габи, но и како заштита за ултравиолетовата радијација.

Ресверaтролот во виното доаѓа од кожичката на црвените гроздови зрна. Боровинките, брусницата и кикириките се исто така извори на оваа компонента.

Виното помага во одржување на дигестивното и кардиоваскуларно здравје

Црвеното вино може да придонесе за подобро здравје на срцето на повеќе различни начини. Рресвератролот од виното може да го намали ризикот од срцеви заболувања преку начинот на кој што делува на цревната микрофлора.

Ресвератролот може да придонесе за кардиоваскуларното здравје преку зголемувањето на нивоата на омега – 3 – масните киселини во кр-вта. Третиот начин е заснован на присуството на процијанидите во црвеното вино. Тие можат да имаат влијание на намалувањето на кр-вниот притисок, еден од главните ризик фактори за појава на повеќето кардиоваскуларни заболувања.

Виното помага при дијабетес тип 2

Пиењето на една чаша црвено вино, благо го намалува кардиометаболичкиот ризик кај луѓето со дијабетес тип 2, а умереното пиење на вино е безбедно за овие пациенти. Сепак, луѓето со оваа дијагноза треба да се консултираат со лекарот кој внимателно ја следи нивната состојба пред значително да ги сменат навиките во однос на ал-кохо-лот.

Заштитно дејство на видот

Ресвератролот може да помогне во превенирањето на загубата на видот која е предизвикана од неконтролираниот раст на кр-вните садови во очите или ангиогенеза. Дијабетичната ретинопатија и макуларната дегенерација (поврзана со процесот на стареење) се очните болести кои се поврзани со овој неконтролиран раст на кр-вните садови во очите, а воедно се најчестите очни заболувања.

Корисно дејство при превенирањето на рак на дебело црево, рак на дој-ка и рак на бели дробови. Малите дози на црвено и бело вино може да ја подобрат функцијата на белите дробови.

Виното може да помогне при заштита од штетното УВ зрачење, заболувања на црн дроб, третман на акни и одржување на оралното здравје. При која било здравствена состојба, консултирајте се со вашиот лекар пред употреба на овој лек.

Е ликсир од лук и црвено вино за прочистување на организмот од вишокот сол и маснотии, го решава проблемот со подуеност и вишокот килограми

Нашето тело понекогаш треба да се исчисти, а овој природен лек помага во ослободување од т оксините и подобрување на циркулацијата. Оние кои го пробале исто така тврдат дека ќе ве ослободи од ст рес и хроничниот замор.

Потребни состојки: 12 чешниња лук и половина литар црвено вино.

Подготовка: Излупете го лукот и исечкајте го, па ставете го во стаклено шише. Прелијте го виното и добро затворете ја теглата. Потребно е да се ​​чува на светло место 2 недели и да се протресува неколку пати на ден.

По 2 недели процедете го пијалакот и прелијте го во друго стаклено шише. Консумирајте по една лажица трипати на ден, во период од еден месец. Забелешка: Ова е силен лек и затоа применувајте го со пауза од 6 месеци помеѓу 2 третмани, затоа е потребно да се користи само двапати годишно. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска