Секоја диета и слабеење би оделе многу полесно ако знаеме како да го намалиме апетитот. Сепак, поважно е да знаете како да не го з агрозувате вашето здравје при намалување на апетитот. Ако во моментов се борите со вишок тежина, вашиот главен проблем е веројатно како да го намалите апетитот.
Повеќето диети вклучуваат повеќе или помалку гладување со цел губење на килограмите. Сепак, диетата може да функционира сè до оној момент кога ќе настапи гладта во стомакот. Тогаш доаѓа до намалување на концентрацијата и неможност за нормално функционирање и извршување на дневните активности.
Кога мозокот ќе почне да размислува за својата омилена храна, постои огромен пад на волјата да се издржи започнатата диета. А кога ќе се прекрши диетата, очекуваните резултати пропаѓаат во вода.
Во основа, речиси секоја диета (освен хроно диетата) има намалување на дневниот внес на калории. Оттука настанува проблем помеѓу апетитот и исхраната. Ако имате помал апетит, ќе јадете помалку, а ќе внесувате помалку калории.
Сето тоа звучи логично и лесно во теорија. Во пракса, сепак, работите се различни. Кога го ограничувате внесот на калории, особено на почетокот од диетата, апетитот не само што останува ист, туку и се зголемува. Ако сметате дека јадете помалку од она на што е навикнато вашето тело, тоа е очекуваната последица.
Контролата на апетитот не е важна само за губење на тежината, туку и за ослободување од целулитот. Докажано е дека слабеењето е еден од начините да се намали целулитот, па доколку успеете да ги намалите килограмите, целулитот исто така би исчезнал.
Друга проблематична работа е прејадувањето. Вишокот тежина најмногу се должи на внесувањето на прекумерни количини храна, кои потоа го шират стомакот и пропорционално го зголемуваат апетитот. Зголемениот апетит е исто така поврзан со недостаток на некои основни хранливи материи, како што се растителни влакна, но исто така и со стрес, замор и многу други фактори.
Конечно, апетитот е нешто што е и физичка и ментална потреба, па затоа е потребно да се посвети поголемо внимание, особено кога станува збор за тоа како да се намали апетитот. Постојат неколку начини да се намали апетитот.
За почетниците, можеби не е лошо да се избере диета која вклучува постепено намалувањето на дозволените калории. Ова практично го „учи“ вашиот стомак да очекува помалку храна и со тоа го намалува апетитот.
Се разбира, ова исто така значи дека ќе ви треба долго време за да изгубите тежина, што не е најдобро за посакуваните резултати, но е подобро за здравјето на организмот. Покрај диетата, постојат голем број на средства за потиснување на апетитот, но и многу природни начини на губење на апетитот.
Главната цел во сето ова мора да биде намалување на апетитот на природен начин со цел да се избегне ризикот да му наштети на вашето здравје. Затоа, сите прифатливи опции што ќе ви помогнат во тоа треба да имаат таков ефект што ве заситуваат и ве охрабруваат да согорувате маснотии.
За што и да се решите, побарајте состојки како линолеинска киселина, пробиотици или зелен чај. Тие се одличен начин да го изгубите апетитот бидејќи влијаат на хормоните кои се поврзани со чувството на глад, а тоа се грелин и лептин.
На растот на овие хормони влијаат различни фактори, од последниот пат кога сте јаделе, како сте расположени, дали сте под стрес, колку сте спиеле, генетиката и можното воспаление во телото. Поради сето ова, вежбите за слабеење, спиењето и општите навики на живот може да бидат одличен начин за намалување на апетитот.
Што го намалува апетитот?
Кога станува збор за храна, треба да знаете дека еден од начините да го намалите апетитот е да вклучите одредена храна и хранливи материи кои побрзо ќе ве заситат на подолго време.
Протеините се ваши пријатели
Ако се прашувате како да го намалите апетитот, одговорот е едноставен – јадете повеќе протеини. Малку работи можат да обезбедат чувство на ситост како протеините, па затоа се одличен начин да се намали внесувањето храна.
Протеините го контролираат нивото на шеќер во кр-вта, што директно ги контролира нападите на глад, особено помеѓу оброците. Притоа, протеините ги штитат вашите мускули, што значи дека со слабеење ќе ги изгубите само масните наслаги, а не и мускулите кои се силата на вашето тело.
Протеините треба да сочинуваат 20-30% од дневниот внес на калории и апетитот ќе се намали. Протеините може да ги најдете во разновидна храна, но ние издвојуваме јајца, јогурт или некои додатоци на протеини кои се одлична алтернатива на веганската диета.
Растителни влакна за намалување на апетитот
Покрај протеините, растителните влакна исто така овозможуваат чувство на ситост и се одличен начин за намалување на апетитот. Храната се вари подолго и апетитот се намалува.
При консумирање на растителни влакна ќе ви треба помалку храна, и ќе се чувствувате сити подолго време. На овој начин ќе го изгубите апетитот и истовремено ќе имате доволно енергија.
Храната што содржи многу растителни влакна вклучува грав, грашок, леќа, леблебија, но исто така и многу овошје (бобинки), зеленчук и семиња (чиа семе, ленено семе).
Заситете се со омега – 3 – масни киселини
Лептинот, хормон кој предизвикува глад е под влијание на омега – 3 масните киселини. Без оглед колку калории всушност содржи оброкот, омега – 3 мастите ви помагаат да го изгубите апетитот.
Научниците тврдат дека овие масти имаат најдобар ефект врз луѓето со прекумерна тежина. Омега-3 мастите од риба имаат најдобар ефект врз намалувањето на апетитот.
Намалете го апетитот со консумирање на кафе
Кафето не само што се користи за будење, туку е и тактика за намалување на апетитот. Кафето влијае и на комплицираните хемиски процеси во организмот и го стимулира лачењето на пептиди кои се произведуваат во органите за варење. Тој пептид прави да се чувствуваме сити долго време.
Покрај тоа, овој пептид влијае на тоа колку јадеме во текот на денот. Интересно е тоа што, кофеинот нема никаква врска со тоа. Докажано е дека кафе без кофеин подобро го намалува апетитот и заситува до три часа откако ќе го испиете.
Ако пиете вода, апетитот ќе ви биде помал
Добро е познато кај нашиот народ дека една чаша вода пред оброк влијае на тоа колку ќе јадете за време на оброкот. Истражувањата го докажуваат овој факт и велат дека водата го намалува апетитот пред јадење, но исто така и помеѓу оброците.
Водата работи за вас на повеќе нивоа. Таа е одличен начин за намалување на апетитот, но и како да изгубите тежина. Само половина литар вода е доволно за стомакот да испрати сигнал до мозокот дека е полн, што директно влијае на вашиот апетит и го намалува.
Сепак, проблемот е во тоа што водата брзо го ”напушта” стомакот, па затоа ефектот на ситост ќе помине брзо. Затоа, водата треба редовно да се пие во текот на денот, 2,5 – 3 литри во денот.
И не само тоа, течностите генерално придонесуваат за ситост, а особено супата. Ако започнете оброк со супа, апетитот ќе ви биде помал, а воедно ќе внесувате и помалку калории.
Темното (црно) чоколадо го намалува апетитот
Црното чоколадо е одличен начин да се засладите помеѓу оброците, истовремено намалувајќи го апетитот. Без разлика дали се должи на малку горчливиот вкус или состојките, темното чоколадо го намалува апетитот и особено ќе ја задоволи вашата желба за слатки.
Секое темно чоколадо што содржи повеќе од 70% какао, содржи и доволни количини стеаринска киселина, што го забавува варењетона храната и овозможува губење на апетитот. За уште подобар ефект, комбинирајте коцка темно чоколадо со кафе. Идеално задоволство, а сепак позитивно влијае на вашата исхрана.
Некои истражувања велат дека ќе го намалите апетитот дури и ако само помирисате темно чоколадо, кое содржи повеќе од 85% какао. Ништо нема да ве чини да пробате, иако ќе биде тешко да одолеете на барем една коцка чоколадо.
Ѓумбирот не е само лековит зачин, туку е и одличен начин за намалување на апетитот и слабеење. За ова, многу е важно како ѓумбирот успева да го контролира нивото на шеќер во кр-вта, што исто така влијае на намалување на апетитот.
Затоа чајот од ѓумбир е одличен за намалување на апетитот. Научниците тврдат дека најдобро е да се консумира наутро, пред појадок, со цел да се постигнат најдобри резултати. Покрај ѓумбирот, одличен чај за намалување на апетитот е и зелениот чај, кој исто така помага при слабеење со топење на масните наслаги.
Јадете зачинета храна
Една од состојките на зачинета храна, капсаицинот, е оодличен начин како да го намалите апетитот. Овие супстанции, како и некои други кои се наоѓаат во зачинета храна, ослободуваат топлина во нашето тело, што исто така влијае на согорувањето на мастите и калориите после јадење.
Секако, не треба да претерувате со внесувањето на зачинета храна бидејќи човечкото тело може да развие отпорност на состојките, па нивното влијание врз апетитот престанува. Обратете посебно внимание на зачините како што се црн пипер, кари, ѓумбир, цимет, куркума или црвен пипер.
Другите посилни зачини, во прекумерни количини, можат да предизвикаат гадење, вртоглавица, дијареја, но и т руење. Затоа не се препорачува намалување на апетитот доколку сте бремени, доите бебе или ако сте на редовна терапија поради хронично заболување.
Исто така, никогаш не давајте им на децата ништо за да им го намалите апетитот, ако не е претходно одобрено од лекар. Намалување на апетитот по природен пат
Можете исто така да го намалите апетитот со усвојување на неколку промени во вашите животни навики. Сте слушнале за многу од овие претходно и можеби веќе ги користите, но само затоа што тие се споменуваат многу значи дека се корисни.
За почетниците, водете сметка кога и колку јадете. Однапред испланирајте ги оброците и големината на порциите, по можност за една недела. На овој начин, вие не само што ги контролирате калориите што ги внесувате и губите телесната тежина ефикасно, туку исто така го обучувате вашето тело за природно намалување на апетитот.
Исто така, вежбањето е многу важно за намалување на апетитот бидејќи може да ги блокира сигналите до мозокот кои ”бараат” храна дури и кога навистина не ви треба храна.
На крај, обидете се редовно да спиете и да го намалите стресот на кој сте изложени секој ден колку е можно повеќе. Иако навидум не е поврзано со апетитот, и недостатокот на сон и стресот негативно влијаат на апетитот блокирајќи го природниот систем што ни кажува кога сме навистина гладни.
Слушајте го вашето тело и обидете се да се прилагодите на неговиот ритам. Поточно, обидете се да поставите стандарден ритам особено кога станува збор за храна. Не прескокнувајте оброци и не јадете меѓу оброците.
Прочитајте ја и следната статија: Како да го подобрите апетитот на вашето дете
Некои деца се многу пребирливи, а родителите мораат да ги молат да јадат и најмал залак. Тие обично се со послаба конституција и се разболуваат почесто од другите деца, бидејќи адекватната исхрана има големо влијание врз имуниот систем, а со тоа и врз здравјето на децата.
Разновидна, добро балансирана храна, која содржи потребна количина протеини, јаглехидрати, корисни масти, витамини и минерали – обезбедува правилен раст и развој, добро здравје и доволно енергија.
Многу родители, загрижени за пребирливоста на детето, стануваат исклучително попустливи и му даваат само храна што ја сака, а помеѓу оброците – закуски, „благодарни“ што сака да јаде што било.
Преференциите во исхраната кај децата се менуваат од ден на ден. Апетитот и гладот се сосем различни работи. Гладот е знак на телото дека му треба енергија, а апетитот е научено однесување, кое вклучува задоволство и други емоции поврзани со храната.
Гладот се појавува при раѓање, додека апетитот се развива со текот на времето. Децата учат позитивен и негативен став кон храната со набљудување на околината. Веројатно секоја мајка се соочила со проблемот на неподготвеност да јаде дете. Затоа, прашањето за зголемување на апетитот е сосема природно. За да се зголеми апетитот кај децата, потребно е да се преземат голем број мерки:
Утрото започнете го со весела весела музика и вежби, истуширајте го детето насабајле и појадувајте, ручајте и вечерајте во приближно исто време секој ден. Доколку детето нема апетит, а ги сака закуските, тогаш не купувајте некое време додека да научи детето дека тоа не е храна.
Не го присилувајте детето да јаде и не го насочувајте вниманието кон храната. Обидете се преку сопствен пример да покажете задоволство при јадење бидејќи детето се одликува на постапките на родителите.
Потребно е да го разбудите интересот кај детето и да правите креативни детски оброци како човече, мече или зајаче од овошната салата. Вклучете го детето во процесот на готвење и поставете ја масата заедно.
Придржувајте се до различностите на храната и потрудете се детето постојано да се движи за полесно да се измори и да му се пријаде. Прошетките на свеж воздух или во шума се одлични бидејќи лесно доведуваат до појава на апетит кај децата.
Потребно е да знаете дека апетитот кај детето нема да се врати за еден ден. За тоа е потребно време и упорност. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска