Овесот е житна култура која е многу богата со разни витамини, како Б и Е. Исто така, содржи минерали како магнезиум, калиум, магнезиум, фосфор, хлор и големо присуство на фолна киселина.

Благодарение на изобилството на бета – глукан, кој спаѓа во растителни влакна, ова жито помага многу во намалувањето на лошиот холестерол. Лековитите својства на овесот се навистина широки, па затоа, освен што го намалува холестеролот, поволно делува и на дијабетесот, како и намалување на вишокот килограми.

Овесот како лек

Овесот го штити срцето и има поволно влијание врз кардиоваскуларните заболувања. Но, ова е само едно од лековитите ефекти, овесот е пред се одличен антиоксиданс, одлично делува против стресот, одличен е за регулирање на нивото на шеќер во кр-вта, го зајакнува имунитетот, добро е да консумирате кога ќе ги почувствувате првите знаци на остеопороза, добро е за лекување на кожни болести, како и засипнатост, артритис и ревматизам.

Овесот е корисен за правилно функционирање на менталните процеси во организмот, а исто важи и за една од намирниците што има антиканцерогено дејство.  Овој јаглехидрат се врзува за клетките на имунолошкиот систем, а освен што го прави организмот отпорен на разни в ируси, има и големо влијание врз намалувањето на лошиот холестерол во кр-вта.

Истражувањата покажуваат дека чаша 250 грама овес (поточно, зготвени трици од овес) на ден може да го намали лошиот холестерол за дури 5%. Ако имате блендер, сомелете цели зрна и направете овесна каша од која ќе печете леб или ќе ја додадете во колачи.

Корисно е да се знае дека научниците тврдат дека дневно треба да се консумираат околу 10 грама растителни влакна за да се намали холестеролот. Она што е позитивно во овој случај, е дека во само 100 грама овес се содржат дури 11 грама растителни влакна.

Покрај намалувањето на холестеролот, ќе му направите услуга и на целиот организам. Овесот поволно влијае врз намалувањето на кр-вниот притисок, а исто така многу лесно ќе ги смири чувствителните црева.

Дополнително, бета – глуканот може да поттикне дополнително ослободување на пептид, хормон продуциран во желудникот како резултат на внесената храна. Овој хормон, уште наречен и хормон на ситоста, во студиите се покажал како најзначаен во намалувањето на потребата од внесување на непотребни калории, а со тоа и намалување на вишокот килограми.

Во процесот на слабеење помеѓу најважните компоненти се јавуваат растителните влакна. Значењето на растителните влакна за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо.

Овесот е богат со антиоксиданти и може да помогне при намалување на ризикот од астма кај децата. Овесот е богат со антиоксиданти меѓу кои се полифенолни соединенија, ферулична киселина во значителни количини, како и уникатна група на антиоксиданти наречена авенантрамиди. Авенантрамидите речиси и да не се присутни во некоја друга храна.

Чајот од овес се користи за ублажување на многу симптоми. Ова мало зрно е богато со фитостероли – супстанции кои ги чистат кр-вните садови. Може да консумирате овес во форма на каша, но многу поедноставен начин е да направите чај.

Овој чај е одличен за зајакнување на здравјето на срцето и кр-вните садови и намалување на ризикот од срцев и мозочен у дар. Овесот се смета за многу моќна и корисна алатка за зајакнување на нервниот систем. Се препорачува за оние кои страдаат од несоница, ментален замор, анксиозност и депресија.

Билкарите дури го препорачуваат овесот на луѓето кои страдаат од мултиплекс склероза. Овесот ја регулира работата на желудникот и затоа се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со желудникот после јадење.

Исто така, има својства кои влијаат на пациентите со рак на дебелото црево. Особено е ефикасен во намалување на несаканите ефекти што можат да се појават за време на радио и хемотерапија.

Микроелементите и флавоноидите, кои изобилуваат, го зајакнуваат имунитетот и ја подобруваат кр-вната слика. Во една студија во која учествувале 1540 професионални спортисти од Австралија, било забележано дека секојдневната употреба на овес во исхраната придонесува за зголемување на мускулната маса.

чај од овес

Сите кои страдаат од холестерол и притисок треба да го вклучат овој чај во исхраната. Исто така, доколку страдате од егзема и чувствителна кожа која постојано ве чеша, овесниот чај е одличен природен лек за решавање на овие проблеми.

Подготовка: Натопете 5 супени лажици овес во еден литар ладна вода и полека загревајте додека да почне да врие. Откога ќе зоврие водата, варете уште 5 минути, а потоа се оставете чајот да се излади. По желба, засладете со малку мед и консумирајте во текот на денот.

чај од овес

Лек кој ги испира сите болести од организмот – после овој напиток ќе имате имунитет силен како челик

Напитокот од овес има извонредни лековити својства кои изобилуват со витамини, минерали и нутриенти. Ја спречува појавата и ги излекува сите болести. Го зајакнува имунитетот, ја зголемува енергијата и ја подобрува виталноста на организмот.

Потребни состојки: 1 чаша зрна овес, 5 чаши вода (200 мл), 2 чаши млеко (200 мл).

Постапка: Исплакнете ги зрната овес под млаз ладна вода во сад. Истурете ја водата, а овесните зрна ставете ги во лонче или тенџере на рингла и прелијте со водата. Откога ќе зоврие водата, намалете ја температурата на ринглата на средна топлина.

Продолжете да готвите додека количината на водата испари и да добиете половина од тоа што ставивте вода. На крајот треба да добиете желатинозна течност. Потоа процедете ја течноста и полијте со млекото.

Ставете го тенџерето повторно на рингла и продолжете да готвите уште 5 минути. Пијте го напитокот голтка по голтка во текот на денот. За најдобри резултати, консумирајте секојдневно во период од 2 – 3 дена.

Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска