Светски познатите медиуми кои се занимаваат со исхрана и здрав живот направија хаос кога соопштија која е најотровната намирница која можеме да ја изедеме.
Луѓето денес консумираат отровна храна, а понекогаш и во големи количини и што е најлошо не се свесни за тоа. Поради таквиот однос со храната – причините се се’ поголем број на болести во денешницата.
Една од тие намирници е чипсот, кој предивика сензација во прехрамбениот свет бидејќи поедини медиуми како што се: Natural news, Living traditionally,
Healthy food house и многу други го прогласија за најотровна намирница на пазарот за храна во светот.
Чипсот го консумираат милијарди луѓе и тоа во абнормални количини. Сите знаеме дека чипсот е нездрав, но дека е толку многу токсичен и дека треба апсолутно да се исклучи од секојдневната исхрана, тоа никому не му е целосно јасно.
Меѓутоа, експертите објаснуваат дека човештвото треба да престане со консумирање на оваа канцерогена намирница.
Голем број луѓе се убедени дека чипсот се приготвува од компир, но како што наведуваат овие медиуми, тоа е далеку од вистината.
Како што пишуваат тие, во првата фаза на производството се користат состојки како ориз, пченица, пченка и компирни снегулки, кои заедно се мешаат за да се добие тесто кое понатаму се обликува во калапи, а потоа се пржи во зовриено масло, па се суши.
Во последната фаза на чипсот му се додаваат засилувачи на вкус кои сами по себе се токсични.
Иако сите состојки за смесата од кои се прави чипсот се генетски модифицирани, бидејќи се поевтини и достапни, една од најопасните состојки во чипсот не се додава во процесот на производтво, туку тоа е нус-продукт на преработката.
Станува збор за акриламид.
Тоа е опасна канцерогена супстанција, за која одамна се знае дека предизвикува рак кај животните, а токму чипсот го има во ненормални количини, далеку од дозволената мера, наведуваат гореспоменатите медиуми.
До создавање на акриламид доаѓа при приготвување на храна која е изложена на термичка обработка со пеќење или пржење, поради што посебно се присутни во чипсот бидејќи после пржењето во висока температура претрпуваат нов процес на сушење, исто така на висока температура.
Факт е дека цела храна која се обработува на температура над 100 степени ја содржи оваа канцерогена супастанција, а нивото на оваа материја во популарната намирница која го освојува светот е над дозволеното.
Поради тоа во 2005 година Калифорнија побара од една фабрика да ги предупредува своите потрошувачи за опасностите и отровите опасни по здравјето кои се наоѓаат во прехрамбените производи.