Редовната посета на стоматолог е уште еден начин со кој ќе го сочувате вашето здравје, но случајот со еден 27 годишен маж од Канада покажува дека после еден обичен преглед може да започне борбата за живот.
Неименуваниот маж од Канада неодамна отишол на забар без да се посомнева дека тоа ќе го доведе во смртна опасност. После оваа посета на забар забележал дека има некое црвенило на дланката. Ова го игнорирал, меѓутоа црвенилото било упорно и пострашно. Две седмици подоцна, се претворило во оток со сино-модра боја.
Дури кога на тој оток му се придружила и неподнослива болка во стомакот, одлучил да појде на лекар и да побара помош. Од останатите симптоми имал грозница, намален апетит и веќе шест седмици сериозно се потел секоја ноќ.
За тоа време изгубил 12 килограми. Лекарите итно го упатиле на тестирање при што откриле парчиња мртво ткиво во слезината и во левиот бубрег. Покрај тоа, имал инфицирано ткиво на аортниот залисток кој го регулира протокот на крвта од срцето до главната артерија.
Нашле зголемена концентрација на бактеријата стрептококус саливариус во устата.
Сето тоа довело до застрашувачка дијагноза: ендокаритис, односно воспаление на срцевите залистоци. Лекарите велат дека целиот процес започнал од неговата посета на забар, каде опасните бактерии од устата започнале да му се шират низ целото тело. Не помогнала ниту неговата, како што велат лекарите, лоша орална хигиена.
Ендокаритис и инаку може да предизвика крвавење и воспаление на непцата, а често се случува после посета на забар бактериите да започнат да се шират па болеста се манифестира во полн замав.
За цела среќа, неименуваниот маж го спасиле антибиотиците кои веќе за два дена почнале да делуваат. Меѓутоа, сепак ќе мора да оди на операција за да се среди состојбата со аневризмата и да се замени срцевиот залисток. Кога оваа состојба се занемарува, лекарите велат дека доаѓа до инфаркт и потенцијална смрт.