Поместувањето на часовникот за еден час при летното сметање на времето обично предизвикува ненаспаност и умор.​ Ова се некои од проблемите кои можеби ќе ги забележите во следниов период:

СТУДЕНИЛО

Кога на телото му е потребен сон, тоа природно се приготвува за одмор – значи, се лади. Ако забележите дека ве тресе студ без очигледна причина, веројатно ви недостига сон.

ОПАСНО СЛАБА КОНЦЕНТРАЦИЈА

Податоците покажуваат дека бројот на сообраќајни незгоди се зголемува токму при преминувањето на летното сметање на времето. Секогаш добро проценете ја вашата физичка и ментална спремност, пред да седнете зад воланот.

МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

Недостигот од сон се поврзува со депреcијата. Студиите покажале дека по поместувањето на чаосовникот се зголемува дури и бројот на самоyбиства, бидејќи оваа промена може да го поремети биолошкиот часовник и да ги влоши симптомите на менталните проблеми.

Постојат неколку начини за враќање во нормалниот ритам:

НЕ НАДОКНАДУВАЈТЕ

Без разлика на тоа што можеби подолго ви се останува во кревет, обидете се да станете во исто време како и пред поместувањето на часовникот, бидејќи на тој начин ќе го задржите ритамот.

ДВИЖЕТЕ СЕ

Свежиот воздух и природната светлина се природен начин за да се разбудите. Ќе ви користи дури и мала утринска прошетка.

НЕМА ЦЕЛ ДА СИ ЛЕГНУВАТЕ ПОРАНО АКО НЕ ВИ СЕ СПИЕ

Ако заминете в кревет, иако знаете дека нема да заспиете, ќе станете уште понервозни. Останете будни уште некое време, читајте книга или слушајте некоја опуштачка музика.

БЕЗ ЕЛЕКТРОНИКА

Можеби ќе паднете во искушение да „сурфате“ на интернет пред спиење, но научно е докажано дека светлоста од екранот го ремети природниот сон.

НАМАЛЕТЕ ГО ВНЕСОТ НА КАФЕТО

Експертите велат дека последното кафе во текот на денот можете да го испиете најмалку шест часа пред спиење, бидејќи во спротивно може да ви го поремети сонот.