Флуорирањето на водата или флуоридација на водата е постапка на додавање на флуорни соли во водоводот, во некои земји. Во поголемиот дел од Европа не се спроведува.

Се додава концентрација од еден дел флуор на милион делови вода, односно, 1 мг флуорид на еден литар вода (1 mg/L) за намалување на инциденцата на кариес за 60%.

Флуорирањето се вовело со цел, намалување на кариесот. Со оваа постапка се започнало во 1945 година во САД. Обично флуоридните соединенија се додаваат во водата за пиење во облик на синтетички соли на натриев хексафлуоросиликат и не за забележува бидејќи нема ниту боја, ниту мирис.

Тоа е процес кој во САД чини просечно околу 1 американски долар по лице, годишно. Понекогаш е потребно дефлуорирање на водата, односно намалување на флуорот во водата, ако нивото ја надминува препорачаната граница.

Светската здравствена организација во 1994 предложи нивото на флуорид да изнесува 0,5 до 1,0 mg/l (милиграм по литар) во зависност од климата.

Некои купечки води во шишиња обично имаат непознато ниво на флуорид, а некои филтери за вода во домаќинствата отстрануваат некои или сите флуориди од водата.

Освен водата, можат да се флуоридираат и некои намирници, кујнската сол и млекото. Флуоридите се внесуваат во устата во облик на различни толикални препарати, забни пасти и водички за уста.

Противење

Постои голем број на противници на флуорирањето на водата кои тврдат дека овој процес е застарен, непотребен и штетен.

Во развиените земји се користат пасти за заби кои содржат флуориди, па не е потребно флуорирање на водата, а со истовремено користење на таквата вода и пастите за заби, концентрацијата на флуорид ја надминува дозволената количина.

Најчесто пореметување е дентална флуороза, односно, појава на дамки на забите; нарушување на структурата на коските кои стануваат кршливи и шупливи, што доведува до остеопороза; се натрупуваат флуориди во штитната жлезда и епифизата, што доведува до хормонални пореметувања како што е хипотиреоза.

Повеќето луѓе се свесни за постоењето на контроверзност околу јавното флуорирање на водата за пиење. Еве листа на начини и методи за прочистување на водата.

Еден од начините да се отстранат флуоридите од водата е реверзибилната осмоза. Оваа филтрација се користи за прочистување на неколку видови флаширани води (не на сите).

Системите за обратна осмоза обично се недостапни за лична употреба.

Овие филтри се користат во локали каде има премногу флуороза и тие се релативно скапи, бараат честа замена и не нудат опција за домашно филтрирање на водата.

Постојат и комерцијално достапни дестилациони филтри што можаат да се купат за отстранување на флуоридите од водата.

Овие начини НЕ ГИ отстрануваат флуоридите од водата:

-Brita, Pur, и некои други филтри (пред купување детално распрашајте се),

-зовривање на водата (само ќе се концентрира флуоридот, наместо да се намали)

-замрзнување на водата (не влијае врз концентрацијата на флуоридот).

Едноставни чекори за намалување на флуоридите:

-Не користете препарати или намирници збогатени со флуориди.

-Одбегнувајте ги нелепечките садови за готвење.

-Тефлонот и некои други премази содржат флуор, кој може да се ослободи во текот на готвењето.

-Читајте ги етикетите на шишињата од пијалаците кои ги консумирате.

-Побарајте паста за заби без флуор, но водете сметка дека сепак, препорачаната доза е корисна за здравјето на забите.

-Одбегнувајте црн или црвен чај (читајте хем.состав).

Постојат многу

здравствени придобивки поврзани со хемиските состојки кои се наоѓаат во чајот, но ако треба да го намалите внесот на флуор, тогаш овие чаеви е најдобро да ги редуцирате.

Црниот и црвениот чај доаѓаат од две различни видови на растенија, кои природно содржат високи количини на флуор.