Како се користи лукот?

Втријте пресечен лук на мал дел од кожата за да откриете дали вашата кожа е чувствителна на него. Ова практикувајте го со било кој препарат кој за првпат планирате да го нанесете на кожата.

РАНА ИЛИ ОСИП

Издробете лукче и нанесете го директно на раната или осипот, покријте со фластер или газа.

Фластерот отстранете го за време на туширањето. Исушете го местото пред повторно нанесување. Повторувајте секојдневно, па за две седмици раната целосно ќе заздрави.

БРАДАВИЦИ

Измешајте сомелен или изрендан лук со малку маслиново или кокосово масло, па нанесете како облога врз брадавицата. Менувајте ја облогата секојдневно, во текот на 3-4 седмици.

ПСОРИЈАЗА ИЛИ ЕГЗЕМА

Кога станува збор за егзема или псоријаза, измешајте маслиново или кокосово масло со неколку чешниња лук. Оставете да отстои 24-48 часа. Нанесете од маслото врз кожата и покријте со фластер или газа. Менувајте ги облозите до целосно оздравување.