Родот Pelargonium (герании) вклучува претставници кои се познати по своите прекрасни цветови и препознатливиот мирис. Во медицински цели најмногу се исползува билката Pelargonium sidoides позната под називот “лековита пеларгoнија”.

Оваа билка e позната уште многу одамна и се користела во народната медицина во Јужна Африка, каде е позната под називите umckaloabo, umcka, zucol или kaloba. Уште во далечната 1897 година Англичанецот Чарлс Хенри Стивенс отпатувал во Јужна Африка, советуван од своите лекари дека тамошната клима ќе му ги олесни симптомите од ту-бер-ко-лоза од која боледувал.

пеларгониум, слаткарче

По препорака од локалното население, започнал да користи напиток приготвен од коренот на локалната билка. Стивенс овој напиток го консумирал секојдневно во текот на 4 месеци, а кога се вратил во Англија бил совршено здрав.

сардела

Воодушевен од ефектот, Стивенс од Јужна Африка си понел прав од коренот на билката кој го продавал како лек против ту-бер-ко-лоза. Бидејќи не ја познавал добро ботаниката, тој оваа билка ја нарекол “Зулу” – Umckaloabo. Години подоцна се дознало дека називот нема врска со вистинското име на билката, туку дека значи “лоша кашлица”.

слаткарче

Дури во 20-тите години од минатиот век лековитото дејство на оваа билка било признато од официјалната научна јавност. Со развојот на синтетичките лекови, ефектот на оваа билка полека започнал да паѓа во заборав, а дури во 1972 година германските научници ги идентификувале нејзините етно-ботанички ефекти.

сардела

Утврдено е дека станува збор за pelargonium sidoides, билка по потекло од Јужна Африка чии грмушки растат до висина од 50 см и имаат темновиолетови цветови. Лековитиот дел од билката е токму нејзиниот корен.

pelargonium sidoides

Ефектот од екстрактот на лековитата пеларгонија произлегува од синергиското дејство на нејзините соединенија. Со аналитички тестирања докажано е дека главните активни супстанции од екстрактот на лековитата пеларгонија се кумарините, меѓу кои и умкалинот, како и фенолите. Екстрактот од лековитата пеларгонија обилува со силициум и калциум.

разни видови сардели

Овој екстракт во човековото тело ја зголемува функцијата на макрофагите кои се познати како прва линија на т.н. неспецифичен имунитет.

Покрај тоа, овој екстракт го засилува и создавањето на дефензини, молекули кои припаѓаат на истиот неспецифичен одговор и кој штити од патогени бактерии и го зголемува создавањето на тип Iинтерферони. Тип I интерфероните служат како прва линија на антивирусниот одговор пред да се активира специфичната имунолошка реакција.

слаткарче

Лековитата пеларгонија веројатно го намалува и ризикот од суперинфекција бидејќи спречува адхезија на патогени бактерии.

Екстрактот од лековитата пеларгонија е користен во бројни клинички истражувања кои покажале ефикасност врз намалувањето на симптомите од инфекција на дишни патишта, симптоми од настинка и акутен бронхитис кај возрасни.

слаткарче

Со рано отпочнување на користење на овој екстракт се намалува јачината на симптомите, се скратува траењето на болеста и побрзо се опоравува организмот. Истражувањата спроведени во педијатриска популација го потврдиле истото што важело и за возрасните, со акцент за ефикасност и сигурност од примената.

слаткарче

Најчестите причини за посета на педијатар се токму проблемите поврзани со дишните патишта. Поради оваа причина се препишуваат голем број лекови, а употребата на антибиотици е многу честа особено доколку е присутна температура, па дури и кога станува збор за типично вирусна етиологија.

слаткарче

Раната употреба на екстрактот од лековитата пеларгонија, по појава на симптомите од респираторни инфекции, ги намалува или целосно ги решава симптомите во краток рок, го намалува ризикот од бактериска суперинфекција, го поттикнува општиот опоравок и ја намалува потребата од употреба на други лекови против болка и температура.

цвет од црвена сардела

Најважно од сè е да се намали употребата на антибиотици бидејќи антибиотската резистенција е сè поголема. Екстрактот од лековитата пеларгонија исклучително добро ја поднесуваат и дозволено е да се дава на деца.

За крај треба да се нагласи дека научниците во истражувањето од 2010 година го докажале ефектот на овој екстракт врз вирусите на сезонскиот грип тип А (H1N1, H3N2), респираторен синцицијски вирус (RSV), хуман корона вирус, вирус параинфлуенца, како и на коксаки вирусот.

слаткарче

Екстрактот на лековитата пеларгонија ја разредува густата слуз, олеснува искашлување и на тој начин го олеснува дишењето. Со дејството на имунолошкиот систем се намалува повторната појава на инфекцијата.

Кај нас за лековити цели се користи друг вид на Пеларгониум кој поради својот специфичен убав мирис, се користи при приготвувањето на разни слатката. Меѓутоа, одамна биле забележани и неговите лековити дејства, особено врз белите дробови. Во продолжение прочитајте неколку рецепти од нашата архива:

Рецепти за приготвување на природни и ефикасни лекови со оваа билка: СЛАТКАРЧЕ – Pelargonium odoratissimum, мискимбре, итер, барбароза, пеларгониум, миск, сардела, атрче … ако се сетите дополнете и вие.

Исто како што здравецот е карактеристичен за секој македонски дом, заедно со петуниите, сарделите и розите, така и Слаткарчето е доста застапено како украсна билка. Тоа е многу убаво, исклучително ароматично и многу полезно. Кога приготвувате компот од модри сливи или вишни, ставете по едно ливче за да добиете одлична арома. Исто така, се додава во мармалади и слатка.

Слатко од смокви (Фото и рецепт: Славица Поповиќ)

Меѓутоа, оваа билка, освен што е ароматична, таа е и многу полезна и лековита. Со самото вдишување на аромата доаѓа до заздравување на имуниот систем. Скинете еден лист и протријте го низ раката за да се ослободи неговото етерично масло. Вдишувајте го овој мирис кога не се чувствувате добро и кога сте болни.

ЛЕК ЗА ВИСОК ПРИТИСОК И БОЛНО СРЦЕ

Откинете 20 свежи листови слаткарче и истолчете ги во аван. Изрендајте ја кората од 3 домашни лимони и исцедете го сокот. 30 здрави ореви искршете и извадете ги јатките. Додајте една тегла квалитетен мед. Убаво промешајте заедно со истолчените листови. Употреба: по една супена лажица секој ден, половина час пред појадок. Го лекува високиот к-рвен притисок и болното срце.

слатко од цреши

За болно срце: секое утро на гладно изџвакајте по 2-3 листа Слаткарче. Половина час после тоа не консумирајте никаква храна за да може билката да делува. Ги лекува вените и сите болни крвни садови.

Слаткарчето може да ја смири и силната кашлица. За таа цел, одвечер треба да направите лековит одвар. Потребни состојки: 2 супени лажици босилек, 3 листа слаткарче, 3 ореви скршени, но да не се исчистени и 500 мл вода

Постапка: Ставете ја водата да зоврие, па во неа ставете 3 цели ореви со тврдата лушпа, претходно само скршени, босилекот и слаткарчето. Оставете да се варат 5 минути. Оставете да излади, а следниот ден процедете. Целата оваа количина треба да се подели на 4 дози и да се испијат во текот на денот, распределени на еднакво растојание. По желба може да се заслади со малку мед.

Лек за исфрлање на секретот од белите дробови и синусите

Потребни состојки: 10 негро бонбони, 10 ливчиња слаткарче, 10 локумчиња и 500 мл вода

Постапка: Се загрева водата па се додаваат бонбоните и листовите од слаткарчето. Штом започне да врие се додаваат и локумчињата и се меша полека додека да се растопи смесата. Се вари сè додека да се преполови и да згусне. Се складира во сув и чист сад и се остава така да излади. Се добива смеса слична на мармалад. Се конзумира по едно лажиче наутро. Се чува во фрижидер.

Коментар на Валентина Ласкова: “Чај од 3 листови слаткарче и 200 мл вода да проврие 7-8 минути, да се олади и се пие. Смирува кашлица. Испробано”.