Секој човек треба да знае да го толкува својот екскремент (измет), зошто тоа е едно од најпознатите доследни показатели на здравјето.

Храната патува околу 9 метри низ дигестивниот тракт додека конечно отпадот да излезе во вид на екскремент.

Човекот во просек создава околу 4000 кг екскремент во еден човечки век.

Како да се декодираат пораките содржани во вашиот екскремент?

Главните карактеристики на изметот што треба да се набљудуваат се:

-големина

-облик

-мирис и

-боја

Здравиот екскремент треба да има облик на торпедо за да може лесно да се движи и излезе.

-ако има форма на мали топчиња: делови од екскрементот се задржале премногу долго во дебелото црево а водата се реапсорбирала. Недостиг на растителни влакна може да доведе до вакви тешки топчиња, како грутки.

-ако столицата е премногу течна: се движи пребрзо низ цревата а водата не е апсорбирана. Ваквиот екскремент се должи на премногу растителни влакна или на некоја инфекција.

Ако е многу тврда и со неправилна форма:

-ако е многу тврда и со неправилна форма: не пиете доволно течности и не внесувате доволно растителни влакна.

-многу рестриктивна, тенка столица: може да биде показател за рак на дебелото црево или полипи.

Нормалната боја на екскрементот треба да биде кафеава.

-ако е црвена:

1) можно крварење

2) можно обојување од храна, како што е цвеклото на пример

-ако е зелена:

1) проблеми со варењето-несварена храна

2)​Кронова болест

3) употрена на антибиотици

4) можно обојување од храна, како што е лиснатиот зеленчук

-ако е жолта:

1)​проблеми со жолчката

2) паразитско заболување (Giardia lamblia)

-ако е бела:

1) антациди (алуминиум хидроксид)

2 )болест на црниот дроб

3 )болест на панкреасот

Што значи ако е столицата со црна боја:

-ако е црна:

1) можно крварење во цревото

2) можно обојување од храна, месо

3) можно обојување од суплемент на железото

Ако има силен мирис и ако вашиот екскремент плови на површината:

Најверојатно вашето тело не ги разложува мастите, имате малапсорпција, употребувате апчиња за слабеење или олестра.