Иларион Џурица, монах од манастирот Свети Архангел Гаврил во Земун, подготви збирка посни оброци за престојни посни денови.
– ,,Јас ги собрав посните рецепти од старите ракописи пронајдени во манастирот Драговиќ, кој се наоѓа по текот на реката Цетина. Овие стари рецепти се бележат од почетокот на 19 век на антички јазик. Во тоа време, свештениците знаеа странски јазици, најчесто италијански и француски, патуваа во други земји и носеа разни рецепти од тие патувања.
Откако го напуштив манастирот Драговиќ, со себе понесов транскрипти од рецепти и започнав да ги дизајнирам и прилагодувам. Подготвував јадења според нив и им давав на другите да ги пробаат, и сите беа воодушевени од нив.” – објасни тој. Во прилог ви претставувам една рибина чорба која е одличен посен оброк, а многумина ја обожаваат.
I рецепт: Посна рибина чорба
Потребни состојки: 1 кг риба, 500 г кромид, 300 г печурки, неколку моркови, малку црн пипер, малку лута пиперка, малку оригано, прстофат сол, 200 мл масло, 1-2 лажици пченкарно брашно.
Подготовка: Исечете го кромидот и печурките на ситни делови и малку пропржете ги на масло,а потоа додадете ја рибата исто исечена на парчиња. Истурете вода да тенџерето, додадете ги морковите исечени на кругчиња и пченкарното брашно малку разредено со вода. Гответе 30 минути, а потоа извадете ја рибата и исчистете ја од коски. Супата ставете ја во чинии и уживајте во овој вкусен посен оброк.
II рецепт: Кашеста супа од карфиол, здрава и лесна, со сласт се јаде целата
Рецептот беше објавен во групата НМД рецепти од нашата драга читателка Фемије Сулејмани. На овој рецепт се надоврза и нашата драга Мирјана Анастасова, чиј предлог можете да го прочитате подолу, како дополнување.
Доколку имате свој начин за приготвување на чорбесто јадење од карфиол, споделете го рецептот во коментари за да ја збогатиме нашата кујна со повеќе идеи за здрави јадења.
Потребни состојки: вода по потреба, 1 главица кромид, 1 парче пилешко бело месо, околу 400 г карфиол на цветчиња, сол, црн пипер, сув зачин (вегета), ѓумбир и куркума по вкус, 3 – 4 пилешки батаци, 2 лажици фиде, 2 – 3 чешниња сечкан лук или по вкус.
Постапка: Во тенџере со зовриена вода се става исечкан кромид, карфиол исечен на цветчиња, зачини по вкус, едно парче бело месо и 3-4 пилешки батаци. Се остава на умерена температура да се вари месото додека да омекне, но да не биде преварено.
Пред самиот крај кога ќе омекне карфиолот, се додава фиде и малку сечкан лук. Се остава уште малку да вари, па потоа се вади месото на страна. Карфиолот се блендира со рачен миксер или во блендер за да се добие кашеста течност. Белото месо се дроби на ситни парчиња, па заедно со варените батаци се враќа во кашата. Одозгора се зачинува со црн пипер.
III рецепт: Чорба со карфиол. Рецепт на Мирјана Анастасова:
Постапка: На масло се запржува рендан морков околу 1 – 2 минути, па се додава вода по желба. Се зачинува со половина лажиче сув зачин (вегета), црн пипер и сол по вкус, па се додава карфиолот исечкан на помали цветчиња.
Се додава малку просо или фиде по желба и се остава да се вари на умерен оган околу 10 минути. Се трга на страна и се додава едно јајце изматено во половина канче кисело млеко. Чорба за мерак. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.