Рецепт и видео презентација на Даниела од „Лесно е да се готви“ – Пченкарни стапчиња, повкусни од оние во пекарница. Комбинацијата од пченкарно и пченично брашно со додаток од палента им даваат еден неверојатно пријатен вклус на овие стапчиња.

Доколку малку подолго ги печете, тие ќе станат крцкави и многу вкусни. Децата многу им се радуваат, бидејќи изгледаат како оние од пекарница, но многу се повкусни од нив. пробајте ги, нема да ве разочара овој рецепт, напротив – често ќе ги правите.

Потребни состојки: 450 г бело пченично брашно, 150 г пченкарно брашно, 150 г палента, 2 јајца, 400 мл млеко, 4 лажички сол, 2 лажички шеќер, 30 г свеж квасец, 100 г путер или маргарин за премачкување, за обработка на тестото и наросување околу 50 г палента, за премачкуавње 1 јајце, сусам по желба за наросување.

Постапка: Во подлабок сад ставете го млакото млеко, па во него издробете го свежиот квасец. Додадете две лажички шеќер и добро промешајте за тој да се растопи заедно со квасецот. Оставете го на страна 10-тина минути за да се активира и запени квасецот.

Во посебен сад измешајте ги сувиоте состојки: 450 г бело пченично брашно, 150 г пченкарно брашно, 150 г палента и 4 лажички сол добро промешајте ги со лажица за да се изедначат. Во млекото со стасаниот квасец додадете две јајца претходно отстојани на собна температура.

Со жица маталка добро измешајте ја смесата, а потоа во влажжните состојки започнете постепено да ги додавате состојки. лажица по лажица црпете од мешавината брашно и додавајте ја во смесата додека постојано мешате со маталката.

Со лажица мешајте додека тоа го дозволува влажноста и мекоста на тестото, а потоа замесете го со рака. Треба да добиете убаво, мазно тесто кое не се лепи на рака. Тестото е средно-тврдо. Формирајате топка, покријте го со крпа или со проѕирна фолија и оставете го да стасува половина час на топло место.

Стасаното тесто истресете го врз набрашнета работна површина (набрашнувајте со палента) и премесето го. Потоа со помош на оклагија развлечете го во тенка кора во облик на правоаголник или квадрат. Преку цела површина премачкајте ја кората со омекнат путер (100 г).

Кората преклопете ја на трипати како за лиснато тесто. Вака здиплено премачкјате го повторно со омекнатиот путер и од горната страна. Преклопете повторно превиткувајќи ги краевите, повторно добивајќи форма на квадрат или правоаголник.

Наросете со палента, па повторно развлечете тенка кора и премачкјате ја преку цела површина со омекнат путер. Повторете ја повторно целата постапка на диплење за да добиете убаво лиснато тесто.

Постапката повторете и ја по третпат, а доколку сакате уште поголемо разлистување на стапчињата, тогаш пред секое развлекување на кората оставајте го тестото во фрижидер да одмори половина час. Ако стапчињата ги сакате помеки како мене, тогаш тестото работете го без оставање во фрижидер.

Тестото можете да го диплите двапати или трипати, по ваша желба. На крај развлечете правоаголна кора, наросете ја со палента, превртете ја, па и другата страна наросете ја со палента. Поминете со оклагија преку површината за убаво да се натапка палентата во тестото.

Потоа сечете ја кората на ленти со широчина од 5 см или по ваша желба, а секоја лента фатете ја за двата краја и свиткајте ја спирално (како за влашка пита). по желба можете да се чете и помали стапчиња. Редете ги во плех обложен со хартија за печење.

Вака приготвените стапчиња покријте ги со крпа и оставете ги да стасаат околу половина час додека да го удвојат волуменот, а потоа премачкјате ги со едно разматено јајце. Одозгора наросете ги со сусам, ким или некое друго семе по ваша желба.

Рерната вклучете ја да се загрева на 220 степени додека ги приготвувате стапчињата, па кога добро ќе се загрее, ставете ги стапчињата да се печат. Печете ги околу половина час или додека убаво да се заруменат. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.