Потребни состојки:

400 г ситно сирење

40 г квасец

1 кг брашно

250 г путер/маргарин

100 мл малака вода

1 лажичка сол

1 парче јајце

Постапка:

Оставете го квасецот да се активира па замесете го во брашното. Додадете ситно сирење, вода, путер, сол. Замесете тесто и оставете 30 минути да надојде. Потоа расукајте го што потенко, па завиткајте го во ролат. Оставете уште 15 минути да одмори.

Потоа тој ролат расукајте го со дебелина од 1 см, па вадете погачици со модла. Редете ги во тепсија и премачкајте ги со разматено јајце. Ставете да се печат 30 минути на 200 степени.

Послужете додека се топли, се топат во устата.