Веројатно на сите ви се познати лековитите својствата на лукот и лимонот, поради кои природната медицина честопати ги користи за третирање на различни состојби. Комбинацијата од лук и лимон носи бројни здравствени придобивки за здравјето на човековиот организам и претставува еден од најдобрите начини за зачувување на здравјето на кр-вните садови.
Веројатно, не постои добар природен лек кога станува збор за здравјето на артериите. Освен тоа, лимонот е богат со витамин Ц кој е исклучително корисен за зајакнување на имунитетот, додека лукот поседува својства за успешно уништување на микробите.
Поединечно, лимонот и лукот се користат за бројни тегоби и најпознати се по лековитите својства и благопријатното дејство врз организмот и зајакнување на имунитетот. Оваа комбинација во кулинарството е заслужна за вкусните рибји специјалитети, па затоа не е ни чудно што медитеранската исхрана е прогласена за најздрава во светот.
Лукот е позната лековита намирница најмногу поради својот исклучителен состав од витамини и минерали. Најпознатите компоненти на лукот се аденозинот кој спречува создавање на кр-вни згрутчувања и алицин кој се смета за природен антибиотик.
Лимонот е можеби најпознатото цитрусно овошје, а му се припишуваат бројни добробити за нашиот организам, најмногу поради витаминот Ц и неговата киселост која ги одбива штетните бактерии, а ги привлекува оние кои се добри за нашата дигестија.
Во продолжение, погледнете за што се користи оваа моќна комбинација: го намалува нивото на холестерол во кр-вта; го регулира нивото на шеќер во кр-вта; ја регулира функцијата на црниот дроб; ги елиминира масните клетки и нивното складирање; ја подобрува циркулацијата; го зајакнува имунитетот и опторноста на организмот; го штити телото од слободните радикали.
Постапка за приготвување на напитокот од лук и лимон. Потребни состојки: 30 чешниња лук, 6 лимони (најдобро органски за да се искористи и кората, а доколку не се, тогаш излупете ги) и 2 литри вода.
Постапка: Лимонот оставете го да отстои во ладна вода во која сте додале малку сода бикарбона, па добро измијте го. Ако сте сигурни дека лимонот е третиран со хемикалии, тогаш најдобро е да му ја излупите кора, да го исечете на парчиња и да му ги отстраните семките.
Доколку сте набавиле органски лимон, тогаш сочувајте ја кората, затоа што во неа се кријат најголемиот дел од лековитите состојки. Во едно поголемо тенџере, ставете го исечканиот лимонот, па додадете го исчистениот лук и исечен на помали парченца.
Потоа, додадете ја водата и ставете го тенџерето на оган. Оставете водата да зоврие, а потоа варете уште 10 минути. Оставете го тенџерето на страна да се лади поклопено. Кога течноста доволно ќе се излади, процедете ја и ставете ја во стаклена тегла или шише и чувајте ја во фрижидер.
Како се консумира напитокот?
Овој напиток се консумира секојдневно, во рок од 3 недели. Секој ден пијте по 50 мл пред појадок (оние пто имаат чувствителен стомак – после оброк), а потоа направете пауза од 7 дена. По паузата, продолжете со консумација во рок од 3 недели. Овој третман може да се спроведува на секои 6 месеци.
Освен овој напиток лимонот можете да го консумирате и директно во комбинација со свежо исцеден сок од лимон. Едноставено исечкајте неколку чешниња лук, исцедете сок од половина лимон, па изедете ја мешавината. Поради малку непријатниот вкус, може да додадете и малку мед.
Мерки на претпазливост: Лицата што имаат чувствителен желудник треба да внимаваат со консумацијата на овие состојки и да се консултираат со својот лекар. Исто така, лицата кои патат од низок притисок, оние кои консумираат премногу ал-ко-хол или користат кон-тра-цептивни пилули, би требало да го одбегнуваат лукот.