Инфекциите на горните дишни патишта се едни од најчестите акутни инфективни заболувања. Во просек, кај возрасните се јавуваат од два до петпати годишно, а кај децата на школска возраст од седум до десетпати годишно. Инфекциите на горните дишни патишта може да доведат до воспаление на грлото (фарингитис), гркланот (ларингитис) и епиглотисот (епиглотитис).
Болното грло претставува честа состојба кај децата, адолесцентите и возрасните. Се опишува како чувство на болка локализирана во грлото и неговата околина и може да биде симптом на заболување кое не е директно поврзано со грлото (на пример, при настинка или грип).
Комбинацијата на мед и црвен кромид одамна е позната како исклучително ефикасен лек за природна кашлица. Предноста на овие природни лековити состојки е што можете да ги набавите во кое било време од годината, и многу е веројатно дека секогаш ќе ги имате при рака.
Потребни состојки: 1 главица црвен кромид, 2 -3 лажици природен мед, 1 чаша вода.
Подготовка: Одберете главица црвен кромид со средна големина. Излупете го кромидот и исечете го на покрупни или поситни парчиња. Ставете го во подлабок сад и прелијте со мед и чаша вода. Поклопете го садот и оставете го да отстои на собна температура преку ноќ.
Следното утро исцедете ја смесата преку густа газа или цедалка. Тоа е доза потребна за еден ден. Консумирајте една лажица сируп на секои два часа, но доколку грлото ви е многу црвено и премногу ве боли може и почесто да консумирате од смесата.
После првиот ден ќе забележите значително подобрување на симптомите од кашлицата и повеќе нема да чувствувате болка во грлото. Сигурно ќе почувствувате дека дишете полесно по кратко време и наскоро нема воопшто да кашлате. Оваа смеса не е наменета за деца.
Здравствени придобивки од медот
Има силни антибактериски својства и низ историјата им служел на луѓето како храна, но и како лекови. Можете да го користите за лекување на ситни изгореници и посекотини и за лекување рани. Медот ја намалува иритацијата во грлото и кожата. Повеќето лековити својства на медот доаѓаат од малите количини на поленов прав и прополис. Прополисот е леплива смола што доаѓа од дрвјата.
Здравствени придобивки од црвениот кромид
Кромидот има масла кои содржат сулфурни соединенија. Иако кромидот дава остар вкус и мирис, тој е исто така многу лековит. Тие исто така го стимулираат производството на бели кр-вни клетки – оние кои ја обезбедуваат нашата сопствена одбрана и го штитат нашето тело.
Прочитајте ја следната статија: Најбрзиот лек за болно грло и настинка – ќе ве дигне од постела
Без антибиотици лекува воспалено и отечено грло. Чувствуваме олеснување или целосно излекување штом го испиеме лекот. Овој чај е добар за настинки и кога чувствуваме дека ни е многу студено.
„Пред два дена чувствував гребење во грлото а вчера многу почна да ме боли и ми беше отечено, имав чувство како да имам рана во грлото. Го направив овој чај и веднаш го испив додека беше топол. Болката веднаш престана. Пред тоа додека не знаев за овој феноменален природен лек, задолжително се јавував на лекар“ – рецепт од читателка.
Потребни состојки: сок од еден лимон, 250 мл врела вода, 1 голема лажица мед, малку рендан корен од ѓумбир.
Постапка: Измешајте во шолја или чаша сок од исцеден лимон, ситно изрендан ѓумбир, 1 голема лажица мед, па додадете зовриена вода. Сето брзо измешајте го и веднаш испијте го, не чекајте да излади! Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.