Коренот на морковот содржи висок процент на јаглехидрати, белковини, пектин, флавоноиди, комплекс од минерални соли и витамини, витамини од групата Б (голема количина од витамини ПП) и аскорбинска киселина.
МНОГУБРОЈНИ КОРИСНИ ДЕЈСТВА ВРЗ ОРГАНИЗМОТ
Докажано е дека најголемата количина од корисни својства се наоѓаат во надворешните слоеви од коренот, а дека за организмот најкорисни се портокалово-црвените сорти. Ако консумирате по 50-100 г дневно од овој зелечнук, голема е шансата дека ќе спречите авитаминоза.
Морковот има антивоспалителни и дијафоретички својства (поттикнува потење). Исто така, исклучително е благотворна и кај дишните тегоби: помага во настинки, кашлица, бронхитис, астма.
Поради содржината на големи количини од бета-каротен (каротеноиди, т.е. витамин А), морковот е добар за очи и традиционално е познат како „храна за вид“, го помага јакнењето на имунитетот и ја подобрува работата на цревата. Исто така, има одличен ефект и кај хемороидите, а има и антисептично дејство.
ПОМОШ ВО СЛУЧАЈ НА ХЕЛИКОБАКТЕРИЈА
Интересно е тоа што морковот е многу делотворен во уништувањето на хеликобактеријата, а ова ретко кој го знае. Многу е ефикасен и во смирување на симптомите предизвикани од хеликобактеријата како што се: подуен стомак, киселини во желудникот, мачнина, повраќање, изостанок на апетит, ненадејно слабеење.
ОВА Е РЕЦЕПТОТ: Исцедете сок од морков и секое утро половина час пред појадок испијте по 150 до 200 мл сок. Сокот треба да се консумира секојдневно, без прекини, во период од 40 денови.
ОСТАНАТИ БОИЛЕСТИ КАЈ КОИ МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ
I КАШЛИЦА. Во случај на кашлица или засипнатост, исцедете сок од морков, додадете малку мед, или морковот изрендајте го, па сварете го во млеко.
II КИВАВИЦА. Ако имате кивавица можете да користите мешавина од свежо приготвен сок од морков и растително масло во однос 1:1, во која треба да додадете неколку капки сок од лук. Оваа смеса се капнува во нос неколкупати во денот.
III БОЛНО ГРЛО. Во случај на фарингитис (воспаление на грлото) помага природниот лек од морков и мед: измешајте две лажици изрендан морков со една лажичка мед. Од мешавината формирајте топка и држете ја во устата пет до седум минути, постепено натопувајќи ја со плунката. Сепак, овој лек смеат да го употребуваат само оние кои не се алергични на мед.
IV АФТИ И РАНИЧКИ ВО УСТАТА. Ако имате некој воспалителен процес во усната шуплина (слузокожа, афти), жабуркајте и испирајте ја повеќепати дневно со цеден сок од морков.
V ОПСТИПАЦИЈА. Исклучително изразеното лаксативно дејство на морковот помага во случај на запек (опстипација) и кај хемороиди. Испијте на празен стомак 150-200 мл свежо исцеден сок со пулпа. Ако детето има цврста столица или опстипација, давајте му по една лажица сок наутро и навечер.
VI СИНУЗИТИС. Синузитис е воспаление на синусите чиј причинител може да бидат бактерии, вируси, габички, алергени или автоимуни болести. За да го приготвите лекот кој може да помогне кај воспаление на синусите, потребно е да изблендирате 2 моркови, 2 портокали, 1 зелено јаболко и мало парче ѓумбир (не им се препорачува на болни кои имаат хипертензија/висок притисок). Пијте по една чаша дневно, еден час пред главниот оброк.
VII ЈАКНЕЊЕ НА КОРЕНОТ ОД КОСАТА. Исклучително е делотворен и во јакнење на коренот од косата. Цедениот сок од морков нанесете го на темето и втријте го во косата, а после 15-20 минути исплакнете со млака вода и исперете ја вообичаено, со благ шампон.