Еве како да се ослободите од болки, мигрена, да ослабете…

Ако стапалата не ви се здрави, тоа влијае од начинот на живеење и од функционирањето на целиот организам.

1.Глава:

Масирајте го коренот на палецот: ја олеснува главоболката и општото здравје на мозокот и концентрацијата.

2.Очи:

Масирање и притискање на местото под коренот на 2. и 3. ножен прст, помага при низа проблеми со очите – од проблеми со видот, суви очи до црвенило.

3.Тенко црево:

Со масирање на средината од стапалото се подобрува дигестијата и здравјето на тенкото црево. Од голема помош е за лица кои патат од подуен стомак.

4.Бели дробови:

Масирањето на областа долж корените на ножните прсти го олеснува дишењето кај астматичарите и сите други проблеми со белите дробови.

5.’Рбетен столб:

Долниот дел од грбот е поврзан со петата, па со масирање на овој дел од стапалото ќе им помогне на оние кои имаат хронични болки и ишијас.

6.Врат:

Бидејќи врвот на палецот ја претставува главата, а долниот дел од палецот е одговорен за вратот, со масирање на овој дел најмногу се помага при болки и вкочанетост.

7.Срце:

Иако, при било какви проблеми со срцето нужен е итен надзор од лекар, масирањето на точката која се наоѓа во горната третина од стапалото, во линија на 30 степени агол од малото прсте на левата нога – го чува здравјето на срцето и на целиот кардиоваскуларен систем.

8.Колена:

Оние кои патат од хронични болки во коленото, можат да ги олеснат со масирање на долниот, надворешен дел на петите.

9.Желудник:​

Иако постојат низа прехрамбени промени кои ќе ја олеснат работата на желудникот, исто така, може да помогне масирањето на точката во горната третина на стапалото, под коренот на палецот – ги намалува киселините и подуеноста.

10.Штитна жлезда:

Масажата на точката која е веднаш до точката на желудникот (погледни видео) може да помогне во регулирањето на функцијата на оваа жлезда.

11.Црн дроб:​

Додека едни тврдат дека за работа и здравје на црниот дроб е важно да се масира надворешниот дел од средината на десното стапало, други сметаат дека треба да се масира овој дел на двете стапала.

За да ги видите прецизно точките кои треба да се масираат, погледнете го видеото: