Вагиналетите ги користат жените како лек за габични и бактериски вагинални инфекции. Неретко се случува габичките и бактериите да станат отпорни на лековите, па инфекциите прикриено долго се враќаат и се повторуваат.

Некои спасот го наоѓаат во природни решенија, како што се на пример, вагиналетите од лук и вагиналетите од кантарион.

Искуствата велат дека овие вагиналети им помогнале на многу жени. Некои девојки и жени се жалат дека долго не можат да се ослободат од упорните вагинални инфекции, иако гинеколозите на повеќе наврати им ја менувале терапијата.

Честопати можете да слушнете: „Се’ пробав, но ништо не ми помогна“. Јадеж, црвенило и неугодност, се само некои од досадните симптоми. Долготрајните инфекции не се добри, бидејќи поттикнуваат развој на други болести.

Прочитајте: што треба да направите ако добиете „бело прање“ – ОВДЕ.

Чешне бел лук како вагиналета

Добро ни е познато дека лукот има антигабични, антибактериски и антивирални својства. Затоа треба почесто да се користи во исхраната, а многумина приготвуваат и голем број лековити рецепти. Меѓутоа, ретко кој би се сетил дека чешнето лук може да се употреби како вагиналета.

Иако, ретко која жена се осмелува да го употреби лукот на овој начин, бидејќи тој не се растопува како што се растопуваат регуларните вагиналети.

Меѓутоа, од оние што веќе го употребувале, можеме да дознаеме дека лукот го употребувале на неколку начини: во претходно малку засечен лукот за да ги пушти соковите, протнувале конец, па го користеле исто како што се користат тампоните.

Или пак, лукчето го ставале во стерилна газа, па така во вагината со дел кој може да се повлече и лесно да се извади. Трети пак немале проблем да го извадат лукот со прсти или со помош на вагиналните мускули. Како и да е, третманот делува за една ноќ, но најдобро би било да се користи три ноќи едно подруго.

Жените кои го користеле лукот како вагиналета, велат дека за време на третманот настанувало чистење во вид воден слуз или арома на лук во устата. Повеќето жени чувствувале вкус на лук во устата иако лукот се става во вагината.

Она што е најважно, повеќето кориснички велат дека вагиналетите од лукот им помогнале, особено при инфекција со кандида, за кој лукот е природен лек.

Втор рецепт – природни вагиналети од кантарион:

Вагиналетите од кантарион се веќе добро познати и фармацевтите ги произведуваат, како вагитории со кантарионово масло. Може да се купат во апотеките, но голем број жени и сами си ги прават во домашни услови.

Кантарионот одамна е познат по своите лековити својства и благотворното дејство врз кожата и слузокожата.

Имено, тампонот се натопува во кантарионово масло, па се става во вагината да делува преку ноќ.

Извор: wikihow