Дали редовно страдате од подуен стомак? Овој проблем може да се третира природно, а најдобро е да го решите што поскоро.

Пред да дознаете на кој начин најлесно ќе ја елиминирате подуеноста, добро е најпрво да се информирате за причините поради кои настанува овој проблем. Сами ќе процените зошто ви се дуе стомакот.

Млечни производи

​Оваа храна лесно може да предизвика гасови и надуеност. Млекото, јогуртот и сирењето треба да се консумираат во ограничени количини. Можеби треба да размислите за други опции како кокосово млеко, млеко од соја, ленено млеко или бадемово млеко.

Брокула, аспарагус и зелка

​На сите им се познати придобивките од оваа здрава храна. Но, овие намирници имаат еден вид на шеќер наречен рафиноза што предизвикува гасови. Овој шеќер останува „хаотичен“, сè додека да стигне во дебелото црево. Што значи дека не треба да се прејадувате ни со овој вид на храна.

​Грав

​Содржи еден вид на шеќери наречени олигосахариди кои нашето тело не може да ги свари. Затоа, најдобро е да го киснете, да ја фрлите вода, да го готвите на тивко и долго време, а од зачини да користите нане.

​Јаболка и круши

И двете овошја имаат високи количини на растворливи влакна. Но, ако имате чувствителен стомак, тогаш нема да може да ги толерира влакната. Во овој случај јаболката и крушите треба да ги јадете во умерени количини

​Џвакање мастики и бонбони

​Кога џвакате мастики или шмукате бонбони, може да се случи да голтате воздух. Покрај тоа, тие содржат вештачки засладувачи кои резултираат со гастроинтестинални проблеми.

Солена храна

​Можеби сте обожувачи на солената храна, но треба да знаете дека таа содржи големи количини на натриум. Натриумот пак на организмот погрешно му сигнализира дека сте дехидрирани, па затоа тој почнува да ја задржува водата.

Намалете ја количината на сол, не консумирајте повеќе од 2.300 mg на ден.

Газирани пијалаци

​Избегнувајте или намалете ја количината на газирани пијалаци кои ги внесувате, бидејќи огромната количина на шеќер која што ќе ја внесете, тие исто така содржат и СО2 со што се предизвикува подуеност на стомакот.

ЕЛИМИНИРАЊЕ НА ПОДУЕН СТОМАК

Постојат разни природни методи со кои може ефикасно да се намали и спречи подуеноста на стомакот.

Гасовите, надуеноста и тврдата столица се често предизвикани поради лоша исхрана, недоволно количество на добри бактерии во стомакот, но во овој случај и стресот може да се јави како фактор за подуеност.

I Анасон

​Можете да го користите анасонот за намалување на гасовите во стомакот. Делува антиспазично и ја олеснува мазната мускулатура на дигестивниот тракт. Исто така го стимулира протокот и ја намалува болката при дигестивни проблеми.

II Ким

Ова семе може да помогне во спречувањето на создавање на гасови, но исто така и во нивното отстранување. Поради своите карминативни својства може да помогне во развојот на добрите бактерии во цревата. Кимот обично се користи при диети за рамен стомак.

III Ѓумбир

Ѓумбирот има zingibain ензим кој помага за варење на протеините. Поради функциите на овој ензим, ѓумбирот помага за ослободување на гастроинтестинални проблеми, елиминирање на гасовите и намалување на подуеноста на стомакот.

IV Ананас

Ананасот, исто како ѓумбирот содржи ензими кои помагаат за варење на протеините. Ако се консумира во свежа состојба, ги намалува шансите за создавање на гасови и надуеност. Покрај тоа, овој прекрасен плод има и антивоспалителни својства.

V Чај од нане

​Овој чај е одличен за мазната мускулатура на гастроинтестиналниот тракт, бидејќи делува како релаксирачки агенс. Истражувањата покажуваат дека чајот од нане е исто така ефикасен во подобрувањето на тешка форма на синдромот- нервозно дебело црево.

VI Чај од камилица

Камилица има толку многу позитивни придобивки кои делуваат како високо ефикасен лек против надуеност и дигестивни проблеми. Има анти-воспалителни, анти-спазматични, карминативни својства, а исто така ги смирува мукозните мембрани на дигестивниот тракт.

Камилица исто така помага во намалување на стресот бидејќи прави да се чувствувате релаксирано. Стресот е една од главните причини која стои зад дигестивните проблеми кај толку многу луѓе. Тоа е исто така одлична за помлади деца бидејќи им помага да се ослободат од дијареа.

VII Папаја

Папајата е исто така многу ефикасна кога станува збор за намалување на подуеноста. Таа го содржи ензимот наречен папаин кој помага во варењето на протеини и се бори против надуеност и гасови.

Плодот е исто така одличен за елиминација на цревни глисти и паразити кои предизвикуваат надуеност.

VIII Магдонос

Суровиот магдонос може да се користи не само за свеж здив, туку и за подобрување на варењето на храната. Тој е природен диуретик. Помага во ослободувањето на вишокот соли кои се акумулирале во вашето тело, а со тоа ослободува од вишко течности.

Кога ќе се елиминираат овие проблеми, автоматски се решава и проблемот со подуеност и гасови.

IX Лимон и јаболков оцет

​Подуеноста исто така, може да ја елиминирате со помош на лимон и јаболкова киселина. Со оваа комбинација се постигнува стимулирање на дигестивните сокови кои се неопходни да ги сварат хранливите материи поефикасно. По една лажичка од двете состојки ставете во чаша вода.