Во борбата против инфекциите, потребно е исхраната да се базира на свежо овошје и зеленчук како и разни билки со антивирусно, антибактериско и антифугално дејство.
Одбраната на организмот може да се зајакне со правилна исхрана, пред се витамини и минерали. За среќа природата изобилува со многу растенија кои имаат и антивирусно и антибактериско дејство кои треба да се користат секојдневно. Неколку од тие намирници се:
Лук – Влијае во спречувањето на вирусите, бактериите и габите, затоа е универзален лек против сите заразни болести. Тој е најсилниот природен антибиотик и одличен борец против габите, особено кандидата. Одличен е и за алкализација на организмот, што е еден од најдобрите начини да се заштитите од сите болести.
Најдобро е да се консумира свеж – два до трипати на ден. Мирисот на лук може да се олесни со грицкање на добро измиена кора од лимон. Ако не можете да го јадете, користете тинктура од лук, која е исто така многу ефикасна.
Боровинки – делуваат така што се спречува лепењето на бактериите на мукозната мембрана на уринарниот тракт, спречувајќи развој на инфекциии. Исто така, боровинките имаат антивирусно дејство и се сметаат за природен аспирин, а содржат хемикалии кои ја запираат дијарејата. Може да се консумираат свежи, замрзнати, во чај или природно исцеден сок.
Брусницата – има силни аналгетски својства и е особено ефикасна во случај на уринарни инфекции и лекувањето со анемија. Таа во комбинација со цвеклото прави одлична мешавина која со сигурност е докажано дека ги подобрува резултатите на крвната слика. Брусницата има и антивирусно дејство.
Ехинацеа – неодамна, ехинацеата стана најпопуларно антивирусно растение во светот. Бидејќи го зајакнува и стимулира имунитетот, корисна е и во борбата против бактериите. Ехинацеата е ефикасна во случај на акутни респираторни инфекции, вклучувајќи грип, настинка, бронхитис, синузитис, тонзилитис и инфекции на ушите.
Капките на ова растение треба да се користат за време на зимските месеци или при првиот симптом на настинка. Сепак, не се препорачува да ја консумирате повеќе од осум недели по ред.
Ѓумбир – најчесто се користи во случај на настинка, бидејќи го зајакнува имунитетот, го олеснува дишењето и кашлањето, ја намалува температурата и делува антивоспалително. Ѓумбирот има и антибиотско дејство (меѓу другото, ги уништува салмонелата и стафилококните бактерии), а се користи и во третман на габични инфекции. Коренот на ѓумбир се користи свеж или во форма на чај.
Валеријана – неопходна е во третманот на инфекции предизвикани од кандида, го зајакнува имунитетот и е одличен лек против грип и настинка, синдром на хроничен замор, бронхитис или ХИВ инфекција. Поради своите антиинфламаторни својства, корисна е и во случај на акутен бронхитис со симптоми на воспаление на дишните патишта и болка во мускулите.
Жалфија – има антиинфламаторно, антибактериско и антисептично дејство. Погодна е за плакнење на грлото, устата, носот во случај на воспаление и засипнатост, а се користи во третман на воспаление на уринарниот тракт, но и за зајакнување на организмот и прочистување на кр-вта. Таа е ефикасен лек против бактерии, вклучително и ешерихија коли и салмонела, како и при елиминирање на некои габични заболувања.
Бел слез – оваа билка е особено позната како ослободувач од кашлица и делува против настинки и грип. Лушпата од корен на бел слез се користи за плакнење на непцата и грлото. Може да се пие во форма на чај или сируп, со одржување на коренот потопен во вода 12 часа, а потоа се цеди и се меша со мед.
Ким – Египетските фараони сметале дека маслото од црн ким е лек за сите болести. И навистина, благодарение на својот богат хемиски состав, црниот ким има широк спектар на лекување. Го зајакнува имунитетот, лечи бронхитис и хронична кашлица, дава одлични резултати во третманот на алергии и астма. Овој моќен природен антибиотик може да се дава и на деца.
Цимет – изобилува со антиоксиданти, а маслото од ова миризливо растение има силни антибактериски и антифугални својства. Тој е добар извор на магнезиум, растителни влакна, железо и калциум, затоа успешно лечи артритис, висок холестерол и крвен притисок, дијабетес тип 2, дијареја, забоболка, лош здив и главоболки…
Покрај тоа, тој ја зголемува енергијата и ги подобрува когнитивните функции, ги отстранува вирусните, бактериските и габичните инфекции, а особено е ефикасен во комбинација со мед, кој се смета за „универзален лек“ што ги елиминира кожните инфекции и настинки, третира мозолчиња и инфекции на кожата.
Маслинов лист – антивирусното дејство на маслинките се должи на еленолната киселина, која спречува формирање на транскриптаза и протеаза – ензими потребни на некои вируси за да ги оштетат здравите клетки.
Супстанците од лисјата на маслинка придонесуваат за третман на херпес и други вирусни заболувања, грип и настинка, габични инфекции, хроничен замор и алергии, високо ниво на масти, дијабетес и др. Листовите е најдобро да се берат во пролет. Потоа потребно е да ги оставите да се сушат на место каде има добро струење на воздухот, во затворен сад и на темно место.
Чајот се приготвува така што во зовриена вода се ставаат 15-20 суви маслинови лисја и се оставаат да вријат во водата уште 3 минути, а потоа се трга од оган и се остава да отстојат уште 10 минути. Потребно е чајот да се пие секој ден за да забележите резултати.
Оригано – постојат многу видови на ова растение чии лисја долго време се користат како лек. Ориганото содржи многу танини, феноли, флавоноиди, витамини А и Ц, како и минерали. Есенцијалното масло од ова растение има антибактериски својства, а истражувањата потврдија дека е поефикасно во борбата против инфекциите отколку класичните антибиотици.
Ориганото уништува 25 видови бактерии и е еден од најсилните природни антисептици и антибиотици. Содржи активен гликозид арбутозид, кој се распаѓа на гликоза и хидрохинон во организмот и е моќен антисептик. Покрај тоа, другите состојки на ова лековито растение имаат антидиуретични својства и седативно дејство.
Мечкино грозје – лечи зголемена простата, инфекции и други болести на уринарниот тракт. Лисјата на ова растение, сами или измешани со други лековити билки, се одлично средство за дезинфекција на уринарниот тракт, особено во случај на хронично воспаление на мочниот меур (циститис), а исто така спречуваат задржување на бактериите во уринарниот тракт , со што се спречува повторување на инфекцијата.
Текстот за НМД.мк го обработи Мартина Христовска.