Предност на оваа диета е тоа што богата со нутриенти, не трае долго и може да го активира метаболизмот. Супата можете да ја јадете во неограничени количини, па така никогаш нма да бидете гладни. Се состои од природни и хранливи состојки кои секако треба да бидат на нашето секојдневно мени.

“Зелка диетата” спаѓа меѓу здравите режими на исхрана, со низок процент на масти и калории, а ви овозможува да ослабете 7 килограми за само 7 дена. Многу е вкусна и иако е еднолична, нема брзо да здодее иако мора да ја јадете секој ден и тоа по неколку пати.

Најважниот оброк во текот на денот е нискокалоричната супа од зелка, чиј рецепт можете да го прочитате подолу во тексото. Оваа супа поттикнува брзо согорување на масното ткиво. Нема шанси да не ослабете доколку се придржувате на основните правила: никако алкохол, благо, газирано, леб, сувомеснато.

Откако ќе ја приготвите супата можете целото тенџере да го чувате во фрижидер или на тераса ако е ладно (за да не ви фаќа место) или да ја поделите во тегли уште додека е топла, да ги затворите (со што ќе се вакумираат) и откако ќе изладат да си вадите по потреба.

Оваа супа уште се нарекува и медицинска супа, диетална супа, супа за после прејадување и препивање…Со користење на диеталната супа ќе бидете восхитени од резултатите за само неколку дена. Ви го претставуваме рецептот за диетална супа која сигурно ќе стане ваше омилено јадење.

Потребни состојки: 6 главици кромид со средна величина, 3-4 домати или доматно пире, по вкус, 1 мала главица зелка, 2 зелени пиперки, 500 г целер, корен и лист, 1 коцка супа (или 2 петлови супи)

Постапка: Исечкајте го зеленчукот, додадете вода, сол, црн пипер по вкус. Гответе го зеленчукот на висока температура 10 минути, а потоа намалете ја температурата на тивко и гответе додека зеленчукот да омекне. Во текот на диетата не можете да консумирате брза храна, шеќер, алкохол, леб, газиран пијалак, било каква масна и димена храна.

МЕНИ ЗА СЕДУМ ДЕНА

Ден 1 – Супа од зелка и овошје по избор, единствено не се дозволени бананите. Пијте доста течности, а се препорачува вода, незасладен чај или црно кафе. Правете растојание помеѓу оброците, а овошјето секогаш консумирајте го на гладен стомак, никако после јадење.

Ден 2 – Супа и зелен зеленчук (свеж, темно листест зеленчук). Не смеете да јадете пченка, зелен грашок или грав. За вечера, печен компир со малку растително масло. Овој ден е забрането овошјето. Не се прејадувајте, порциите треба да ви бидат нормални.

Ден 3 – Супа, овошје и зеленчук, но без компир. Третиот ден веќе се гледаат резултатите, па би требало веќе да ослабите 2 кг. Иако имате комбинирано овошје и зеленчук, сепак внимавајте на растојанието помеѓу оброците. Ако сте гладни, јадете супа.

Ден 4 – Супа, овошје и зеленчук, вклучително и банани и млеко со низок % масти. Може да изедете најмногу 4 банани. Бананите е најдобро да ги распоредете во текот на целиот ден, помеѓу оброците. Пред да јадете, испијте барем една чаша вода за да бидете хидрирани.

Ден 5 – Супата од зелка е задолжителна, а дозволен е и еден оброк 300-500 г немасно пилешко или говедско месо и салата од домати (максимално до 6 домати). Во текот на денот треба да испиете 1,5 до 2 литри вода за да се исперат вишокот киселини од организмот.

Ден 6 – Супа, варено месо и зеленчук (особено лиснато). Шестиот ден не е дозволено да се јаде компир. Порцијата месо исто така треба да биде нормална, да не се прејадувате. јадете супа пред и откако ќе го изедете месото, а потоа немојте да јадете ништо цели 4 часа.

Ден 7 – Чинија супа, варен интегрален ориз со зеленчук, овошен сок, свежо цеден. Овошниот сок секогаш пијте го на гладен стомак, барем половина час пред оброкот. Во текот на диетата пијте повеќе вода и комбинирајте ја исхраната со умерена физичка активност.