Овој сируп е одличен, а можете едноставно да го приготвите. Освен за регулирање на телесната тежина, овој сируп ја подобрува функцијата на мозокот, слухот, желудникот и меморијата.
Главна состојка на сирупот е сирова ротквица која е богата со витамини Б-комплекс, калиум, магнезиум, фосфор, железо.
Го подобрува метаболизмот, ја регулира столицата, го чисти организмот, поттикнува создавање на добри бактерии, намалува алергии а добра е и во борбата против уморот.
За овој здрав сируп ќе ви биде потребно:
125 г сирова ротквица (трупка)
3 лимони
3 лажици мед
Постапка:
Исцедете го лимонот и направете пире од ротквицата.
Измешајте ги и додадете го медот во смесата.
Добиениот сируп складирајте го во чисто стаклено шише.
Употреба:
По една супена лажица двапати дневно, пред оброк.