СИРУП ОД ЃУМБИР ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Потребни состојки:

400 г ѓумбир

1 лимон

3-4 супени лажици природен мед

Постапка:

Коренот од ѓумбир, добро измијте го, и нежно излупете го со помош на лажичка.

Лимонот измијте го, третирајте го сода бикарбона за да се исчисти кората, па исечете го на парчиња.

Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека да добиете еднолична смеса.

Употреба:

По една чајна лажичка, 2-3 пати дневно, 30 минути пред јадење.

Се препорачува да пиете најмалку 2 литри вода во текот на денот.

Зошто е добар овој сируп?

Сирупот од ѓумбир има антибактериско и антивирусно дејство;

Ефикасен е против воспаленија;

Добар антиоксидант;

Добар лек за болки во зглобовите, мускулите, менструални мигрени и главоболки;

Добар е во борбата против рак, дијабетес, бактериски и габични инфекции и замастен црн дроб;

Го забрзува метаболизмот и поттикнува елиминација на вишокот килограми.