Дали вистински ве сака или полека ве уништува и се обидува да ве контролира?

Ви ги прислушува разговорите и има попис од повиците, постојано ве обвинува дека флертувате со сите со кои разговарате и ве убедува дека сите се против вас? – бидете внимателни!

Многу е тенка линијата помеѓу партнерот кој кон вас се однесува заштитнички и од оној кој е предоминантен и ја презема контролата над вашиот живот.

-Иако жените знаат да бидат посесивни, сепак, мажите се посклони да станат насилни ако почувствуваат дека им е загрозен љубовниот живот, – тврди д-р Лоуан Бризендине, професорка по Клиничка психологија од Универизтетот во Калифорнија.

Loading...

Проблемот обично започнува со нежни опомени, а по некое време се претвора во контрола, а партнерот може да стане и насилен. Сето ова се случува многу перфидно.

На пример, тој може да ги открие вашите болни точки, па кога ќе ве начека во “слаб” момент, ќе се однесува како најпрекрасен човек на светот и ќе ве убеди дека сите се против вас, а тој единствено ве заштитува.

Нему му е важно да ве изолира од вашето семејство или пријателите, само да ве одалечи од нив колку што може подалеку.

Ќе настојува во своите манипулации со вас, додека целосно да ја изгубите самодовербата и сопствениот суд, па потполно да му ги препуштите сите одлуки. А кога ќе почнете така и да се однесувате, тоа за него ќе биде нов доказ за вашата глупост.

Кога ќе ја сфатите вистината за неговата негативна природа, веќе е предоцна. Но, постојат суптилни знаци кои предупредуваат на тоа дека станува збор за таков тип на човек.

Првиот и најсомнителен знак е тоа што постојано го следи секој ваш чекор, ви ги прислушува разговорите или ве соочува со пописот од телефонските повици и бара да објасните кој број и кај кого сте се јавувале.

Сомнително е и доколку постојано ве набљудува како се однесувате во друштво, па често ве обвинува дека флертувате со секој кој се насмеал на вашата шега. Ако било кој се обиде да ви се додворува, ќе рече: “Нели ти реков!”, како вие да сте виновни.

Постојано ве сомничи за неверство и ве обвинува за неверство, дури и кога ќе застанете со пријател од детството.

Настојува емотивно да ве ослаби и не е исклучено дека ќе почувствувате како сте подготвени да попуштите и да престанете да се дружите со луѓето кои ги сакате, само за да не го вознемирите него.

Но не дозволувајте го тоа, бидејќи тој ќе го добие токму она што го сака – целосна контрола врз вашиот живот. Треба да бидете внимателни и тогаш кога некои работи ги завршува наместо вас, под изговор дека на тој начин ве штити.

Не е нормално ни да очекува…

Не е нормално ни да очекува дека вашиот живот постојано ќе се врти околу него. Особено ако бара постојано да му бидете на располагање, па очекува да разговарате со него кога тој ќе посака, дури и кога сте на вечера со пријателите или со фамилијата.

Внимавајте на болната љубомора, драматизирање поради тоа што не го сакате оноклу колку тој вас, и одлуката да ве натера засекогаш да го промените мислењето за нешто, бидејќи – тој е во право.

Вам ви е полошо, нему му е подобро – можеби тоа не сте го сфатиле, но колку вам ви е понепријатно во друштво со други, тој е толку позадоволен бидејќи така се чувствува посакан.

Тој е вашиот човек за се’: Сака да дотрчате кај него со проблемот, без разлика на тоа дали може или не може да ви помогне. Ако повикате било кој друг, ќе биде бесен.

Со се’ што прави, збунува: на моменти е грижлив, па потоа е бесен и нервозен бидејќи не излегло по негово или како што тој сакал, па вие сами себеси се убедувате дека таа негова мрачна страна треба да не се забележува, бидејќи, тој сепак, “многу ве сака”.

Или сте со него или сте виновни за нешто – можеби тоа нема јасно да го изговори, но доколку изразите желба да излезете со пријателка или некој друг, ќе ве натера да се чувствувате лошо, ќе измисли некаква кавга и ќе ве повреди, само затоа што го “игнорирате”.

Се однесува сосем нормално со фактот што “вие целосно му припаѓате”. Како да сте се родиле токму за него. И колку повеќе се трудите да се изборите за свој простор, тој толку повеќе очајнички се обидува да ве зароби.

ЕМОЦИОНАЛНА МАНИПУЛАЦИЈА

Ако вашиот партнер, член од семејството или друго блиско лице е некој покрај кој лошо се чувствувате, се плашите нешто да го прашате или да му кажете, уште помалку да му се спротивставите бидејќи никогаш не се знае како ќе реагира, можеби станува збор за емоционален злоставувач.

Таквиот човек без никаква причина ќе ви одржи предавање во кое ќе ги наброи сите ваши мани и ќе заклучи дека за вас нема помош бидејќи сте изгубен случај, преглупи сте за било што да сфатите или неспособни. Со тоа ви ја уништува самодовербата.

Не е исклучено постојано да ве споредува со луѓе кои се позгодни или поуспешни од вас, а ако некогаш се обидете да се спротивставите на таквото однесување и одлучите да го напуштите, веројатно ќе падне на колена и ќе се понижи за да се извини и повторно да ја придобие вашата љубов.

Но само до првата нова пригода за ново емоционално злоставување.

Дали сте секогаш за се’ виновни? И за однесувањето на пријателите, за разводот на соседот, за однесувањето на вашите деца? Ама баш се’ може да биде причина за бесот на вашиот емоционален злоставувач.

Се лути кога ќе ви заѕвони телефонот или кога ќе ве повикаат на кафе, бидејќи тој не сака да имате социјален живот.

Кога и да има пригода ќе ве понижува и навредува пред пријателите, семејството или децата, за да ги сврти луѓето против вас за да немате никаква потпора.

Тој е најсреќен кога ве критикува, понижува и навредува, особено пред другите. Секогаш сте виновни за се’.Размислете со кого си имате работа…

Loading...