Чиа семето е застапено во речиси секоја диета бидејќи го помага слабеењето, претставува можен извор на калциум, омега 3 масни киселини и антиоксиданти. Со консумирање на ова семе вие си обезбедувате младешки изглед, добивате поголема енергија и се чувствувате многу поздраво и повитално.
Ако сè уште сте немале можност да се запознаете со ова чудесно семе, прочитајте го текстот подолу за да ги дознаете сите негови предности. Само здрав човек може да биде среќен. Природата ни понудила бројни здрави продукти со чија помош може да се излекуваат разни заболувања, или да се спречи нивната појава.
Чија семето потекнува од Мексико, а Астеките секојдневно го користеле. Овој неверојатно корисен производ содржи 20% протеини, 34% масти, 25% диететски влакна, а исто така, и значајна количина на антиоксиданти. Особено е богато со линоленска киселина и други омега 3 незаситени масни киселини.
ПОМАГА ПРИ СЛАБЕЕЊЕ
Бидејќи ова семе апсорбира доста вода, веднаш откако ќе доспее во желудникот, кај човекот се создава чувство на ситост. Консумирањето на чиа семето значи брзо и ефикасно слабеење без штета по здравјето, бидејќи во себе ги содржи сите неопходни витамини и хранливи состојки. исчезнува желбата за нездрава храна, што исто така е од големо значење.
БОГАТ ИЗВОР НА КАЛЦИУМ
Во чиа семето се наоѓа петпати повеќе калциум отколку во млекото, и двапати повеќе калиум, отколку во бананите. За вегетаријанците овој продукт е едноставно незаменлив. Секој кој сака својот организам да го збогати со калциум, треба да го проба ова семе – организмот во целост го апсорбира калциумот од нив. На тој начин ќе обезбедите силни и здрави коски, нокти и коса.
ОМЕГА 3 МАСНИ КИСЕЛИНИ КАКО ЛЕК
Чиа семето обилува со масни киселини, исто како и црвената риба. Својствата на овие киселини се: намалување на нивото на лошиот холестерол, подобрување на работата на срцето, помага во надминувањето на депресијата и лошото расположение. Масните киселини придонесуваат за работа на нашиот мозок и одлично се рефлектира врз нашата кожа.
ВЕЧНА МЛАДОСТ
Чиа семето содржи огромна количина антиоксиданти кои придонесуваат за младешки изглед, независно од годините, и заштита од инфективни заболувања. Концентрацијата на антиоксидатни во ова, навидум едноставно семе, е поголема отколку кај боровницата и аронијата.
ЕНЕРГИЈА
За сите оние што се занимаваат со спорт и ги сакаат специјалните додатоци кои го зголемуваат енергетскиот ресурс за ефикасни тренинзи, ова семе е многу корисно. Содржи иста количина на корисни материи како и протеинските коктели кои се пијат со цел – добивање на мускулна маса и подобра издржливост. Одличен продукт за спортисти!
КАКО СЕ КОНСУМИРА ЧИА СЕМЕТО?
3-4 супени лажици – тоа е доволна количина која е најблаготворна за вашиот организам.
Можете да започнете со една супена лажица и постепено да ја зголемувате дозата. Семето има неутрален вкус и можете да го додавате во сите јадења: чорби, каши, супи, јогурт, да го поросувате врз салати… Ова семе има долг рок на траење, што е особено важно. Обидете се да го додавате во исхраната и набрзо ќе забележите како вашето здравје се подобрува.