Што ви порачуваат стапалата?
Нозете немаат репутација на најчист дел од телото, а секојпат кога одите боси ги изложувате на бактерии, па веројатно не ги ни миете пред повторно да ги обуете чевлите.
Сето тоа може да доведе до непријатни состојби и заболувања. Кои се најчестите проблеми појаснува Брајан Фулем, автор на книгата „The Runner’s Guide to Healthy Feet and Ankles“.
1.Израснала кожичка околу ноктот
Кога тврда кожичка расте околу ноктот и предизвикува црвенило и болка, станува збор за враснат нокт. Честопати причина за оваа состојба е токму неправилното сечење на нокти.
Лекарот напоменува дека рабовите на ноктот не треба да се сечат сосем до крај, за да се одбегнат можни инфекции.
Ако се’ направите правилно а сепак се појави кожичка, во тој случај натопете ги стапалата во топла вода во која претходно сте ставиле сол или едноставно посетете педикир.
2.Тенки нокти – дамки на ноктите
Ако ноктите ви се многу тенки, со различна боја и ви предизвикуваат болка, шансите дека сте „закачиле“ габички е – многу голема.
Оваа непријатна и неестетка промена на ноктите е предизвикана од група габички кои се нарекуваат дерматофити, а заразата лесно се шири на влажни и топли места, како базени или спортски центри.
Добро е тоа што тие не се шират понатаму по остатокот на телото. Од оваа инфекција можете лесно да се спасите со помош на креми и спрејови кои може да се најдат во аптеки.
3.Црн нокт
Ако чевлите ви се претесни или се занимавате со трчање или танцување, големи се шансите да имате проблеми со црн нокт… „Во текот на некои активности ноктот постојано удира во врвот на чевлата па се создава крвав жуљ под површината на ноктот, поради што добива црна боја“ – објаснува лекарот.
Ако сте ја забележале оваа промена, стерилизирајте игла и дупнете го жуљот за да може да се издренира, а со тоа да се ослободи и болката. Ако сами не можете да го направите тоа, одете на педикир.
Запамтете дека ноктот не смее да се откинува и корне, бидејќи при растењето на новиот нокт, стариот сам ќе отпадне. Кога ќе се случи тоа, нанесете антибиотски препарат за да се спречи развој на бактерии.