“Чу-до од едно јајце” е колач кој е толку еноставен, што за него не ви е потребна дури ниту вага. Овој рецепт за брз колач никогаш нема да ве разочара. А сепак, од друга страна, иако е толку едноставен и евтин, сепак е многу вкусен, така што за кратко време повторно ќе го направите.
Рецептот и видео презентацијата е на Жељка од каналот “Lola’d Dream Factory”. Жељка по професија е фризерка, но сите кои ја познаваат малку подобро, знаат дека уште како многу млада покажала голем интерес за креативни хобија, а најмногу за готвењето.
Со текот на годините изработката на колачи и торти и прераснало во голема љубов, па нејзиното мото е дека слатките не треба само да изгледаат добро, туку треба да имаат и врвен вкус. Затоа траа во своите креации честопати го комбинира традиционалното со модерното. Ова е еден таков колач.
“Во денешниот рецепт се навраќам на еден стар рецепт кој ќе ве врати во детството. “Чу-до од едно јајце “ е толку едноставен, што за него не е потребна ниту вага. А пак од друга страна, тој е толку вкусен и евтин колач, што со задоволство повторно ќе го приготвувате” – вели Жељка.
Потребни состојки: 1 јајце, 1 чаша шеќер, 1 чаша млеко, ½ чаша масло, 1 чаша мелени ореви, 1 чаша + 2 лажици брашно и 1 кесичка прашок за печиво. Чашата со која се мери е од 200 г (пластична чаша од кисела павлака, на пример).
Постапка: Во подлабок сад измешајте ги брашното и прашокот за печивото и просејте ги низ сито. Во посебен сад за матење ставете го едното јајце заедно со шеќерот и изматете го со миксерот.
Кога пенасто ќе го изматите јајцето, а шеќерот ќе се растопи, започнете постепено, во тенок млаз, да го додавате млекото, а потоа на ист начин и маслото. Цело време матете без прекин.
На крај додадете ги мелените ореви, а нив промешајте ги полека со жица за матење. Потоа додадете го и просеаното брашно заедно со прашокот за печиво. Сето рачно соединете го додека да добиете изедначена смеса.
Вака приготвената смеса излејте ја во намастен и со брашно наросен плех (вишокот истресете го) со димензии 20х30 см. Рамномерно распоредете и израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Кога е готов, бисквитот оставете го да се лади.
Потребни состојки за крем: 600 мл млеко, 2 пудинг од ванила, 10 лажици шеќер и 250 г путер или маргарин. Постапка: Прашокот за пудинг помешајте го со 10 лажици шеќер. Додадете и дел од 600 мл млеко, колку да се размати смесата.
Остатокот од млекото ставете го во тенџере на оган, па кога ќе зоврие додадете ја смесата од пудинг и шеќер (да нема грутчиња) и матете постојано на умерен оган додека смесата убаво да згусне.
Сварениот пудинг прекријте го со проѕирна фолија и оставете го целосно да се олади. Изладениот крем измиксајте го добро додека да добиете мазна смеса. А потоа во кремот малку по малку додадете го омекнатиот путер и заедно измиксајте ги. На крај ќе добиете многу нежен и мазен крем.
Готовиот крем рамномерно рапосредете го и намачкајте го врз ладниот бисквит. Убаво израмнете и оставете да се лади во фрижидер најмалку два часа. Ладниот колач исечете го на еднакви коцки.
Направете чоколадна глазура. А за да ја приготвите глазурата ќе вби биде потребно 150 г чоколадо за готвење и 5 лажици масло. Чоколадото искршете го и заедно со маслото растопете го на пареа додека да се претвори во сјајна и мазна глазура. Исечените коцки ставете ги на решетка, па одозгора прелијте ги со топлата чоколадната глазура.
Оставете да се олади и стегне глазурата, па одозгора по желба можете да ги декорирате со шлаг во шприц. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.