Рецепт и видео презентација на Домашни рецепти – Погачици со павлака. Ако случајно се случи да ви останат вишок погачаци, само ставете ги во кеса, ќе останат фантастично меки и за следниот ден.

Потребни состојки: 200 мл млеко, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 40 г свеж квасец (или 10 г сув квасец), 180 г кисела павлака (една чаша), 2 цели јајца, 50 мл масло, 250 г маргарин или путер, 750-800 г меко брашно.

Постапка: Во млакото млеко издробете го квасецот, додадете шеќер и убаво промешајте за да се растопат состојките. Оставете го 5-10 минути за да се активира квасецот.

Во длабок сад за месење истресете половина од вкупната количина на брашното, додадете сол и промешајте. Потоа додадете го активираниот квасец, едно цело јајце и една жолчка (белката оставете ја за подоцна).

Во брашното додадете и кисела павлака отстојана на собна температура и речиси целото масло. Оставете две-три лажици масло за подоцна. Сите состојки убаво измешајте ги за да се изедначи смесата.

Потоа постепено додавајте го остатокот од брашното. Месете со рака додека да добиете меко и мазно тесто. Полијте го маслото што го оставивте за подоцна, па уште малку премесете го додека да го впие тестото. Тестото веќе нема да се лепи за садот.

Вака замесеното тесто покријте го со кујнска крпа и оставете го да стасува околу еден час. Маргаринот поделете го на 8 еднакви делови. На малку набрашнета работна површина нежно премесете го стасаното тесто (за премесување користете го брашното кое ви е преостанато).

Формирајте валјак и поделете го на шест приближно еднакви делови. Секој дел формирајте го во топка. На набрашнета површина земете го делот кој ви се чини како најголем (визуелно) и прво малку со рака развлечете го, а потоа и со оклагија.

Првата кора тргнете ја на страна. Земете второ топче, па и него развлечете го и тргнете го на страна. Развлечете го и третото топче. Вратете ја првата развлечена кора и врз неа изрендајте една осмина маргарин. Врз неа ставете ја втората кора, па и врз неа изрендајте една осмина маргарин.

Поклопете ја со третата кора и повторете ја постапката со маргаринот, односно изрендајте една осмина маргарин. Вака наредените три кори тргнете ги на страна. На истиот начин развлечете ги и преостанатите три теста. Продолжете го редењето на корите: ставете ја четвртата кора врз третата, изрендајте маргарин и продолжете ја постапката до крај.

На крај ставете ја шестата кора и врз неа не ставајте маргарин. Притиснете со дланките за да се развлече малку повеќе. Наросете брашно одозгора и свртете го тестото. Наросете брашно и од другата страна, притиснете нежно, повторно свртете и повторете го развлекувањето на кората со прсти.

Потоа продолжете со оклагија додека да добиете голема кора. Врз половина од кората изрендајте една осмина маргарин (шестиот дел), па преклопете ја со другиот дел. Тестото тазвлечете го уште еднаш со оклагија. Повторно на половина од кората изрендајте една осмина маргарин (седмото парче). Повторно преклопете.

Тестото уште еднаш развлечете го и повторете ја целата постапка уште еднаш, со последното парче маргарин. Пред сечењето на погачиците, преклопеното тесто потсечете го на страната на која беше превиткано, за да може и од таа страна да се разлиста.

Погачиците моежете да ги сечете со форма и големина по важа желба, како што сакате. Редете ги врз плех обложен со хартија. Одозгора премачкјате ги со изматена белка и наросете ги со малку сусам, морска сол, ленено семе или било какви семки по ваша желба.

Потоа вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени, а за тоа време погачиците ќе стасаат (може да ги оставите и малку подолго). Се печат во загреана рерна околу 20 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.