Фото и рецепт: Сузана Бајрам – Пармакли мекици.
Мекици, пишии, локуми, уштипци…тоа се неколку варијантни за брз и вкусен оброк, а овие одлични пармакли-мекици ни ги откри нашата драга членка Сусана Бајрам во групата НМД рецепти.
Потребни состојки:
Рецепт 1: 800 г до 1 кг брашно, 1 лажица сол, 1 лажица сода бикарбона, половина филџан масло, 1 јајце (може и без јајце). Се замесува тестото со млака вода, да биде средно меко. Се развлекува кората, се сече на коцки, а на секоја коцка се прават лентички од едната страна. Се пржат во умерено загреано масло. не впиваат многу масло, брзи се и економични.
Рецепт 2: 1 јајце, 1-2 лажички сол, 1 лажичка шеќер, 3 шолји брашно +-, 300-400 мл вода, 1 прашок за печиво, 1 коцка свеж квасец (Количината на брашно е по ваш избор, а од тоа ќе зависи и колку вода ќе употребите)
Постапка:
Просејте го брашното (количината можете и сами да ја одредете според тоа колку мекици сакате да приготвувате). Додадете сол.
Квасецот издробете го во малку млака вода, додадете шеќер и малку брашно, па промешајте да се добие изедначена смеса.
Во брашното додадете го разматениот квасец, јајцето и замесете го тестото со додавање на млака вода по потреба. Месете го додека да добиете мазно тесто.
Оставете го да одмори 10-15 минути, па потоа со оклагија развлечете го во кора со дебелина од 1 см. Сечете коцки, правете им “прстиња” и пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни.
Фото и рецепт: Сузана Бајрам