Фото и рецепт на Марика Минич – Лења пита.

Рецептот за овој превкусен колач ни го презентираше нашата драга членка Марика Минич во групата НМД рецепти.

Потребни состојки:

1 коцка маргарин/путер (250 г), 150 г шеќер во прав, 1 ванилин шеќер, рендана кора од еден лимон, 1 јајце, 150 мл млеко, 1 прашок за печиво и 600 г брашно.

За фил:

6-7 јаболка, морско оревче, каранфилче, лимонов сок, неколку лажици шеќер, во зависност од слаткоста на јаболката и неколку лажици гриз за да ја впие влажноста на филот (не се пржат јаболката)

Постапка:

Путерот оставете го да омекне на собна температура, исечете го на листови, додадете шеќер во прав и ванилин шеќер па пенасто изматете го со миксер.

Додадете рендана кора од еден лимон, 1 јајце, 150 мл млеко, еден прашок за печиво и 600 г брашно. Замесете ги убаво состојките, а добиеното тесто оставете го да одмори и да се стегне во фрижидер, околу еден час.

Потоа тестото поделете го на два дела, а едната половина ставете ја во намастен плех со средна величина и со малку набрашнети дланки развлечете ја кората според величината на плехот.

Врз кората нанесете го филот од јаболка: Измијте ги, излупете ги и изрендајте ги. Зачинете ги со малку морско оревче, малку каранфилче, цимет, малку лимонов сок и неколку лажици шеќер по вкус.

Во смесата додадете и малку гриз колку да ја впие влажноста (погледни фото за конзистентност на филот). Одозгора ставете ја втората кора и наросете со кафеав шеќер. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени (350 F) околу 40 минути.

Фото и рецепт на Марика Минич