Рецепт и видео презентација на Драгана Михајловиќ од Идеја за креативци “Направи сам” – Инстант брза погача со кисело млеко.

Нема ништо поубаво од тоа кога куќата ќе замириса на врела домашна погача, а уште подобро е кога за нејзиното приготвување нема да изгубите повеќе од 5 минути.

Станува збор за погача која се приготвува со кисело млеко кое на тестото му дава прекрасна мекост и беспрекорен вкус. Мека, вкусна и брза погача, која секој може да ја направи.

Потребни состојки:

450 г брашно, 250 г кисело млеко, 1 јајце, 1 кесичка прашок за печиво, 80 мл масло, 1 лажичка сол и малку млеко за премачкување и сусам за наросување.

Постапка:

Во подлабок сад измешајте 450 г брашно, една кесичка прашок за печиво и лажичка сол. Потоа додадете 80 мл масло, 250 г кисело млеко (или кефир или грчки јогурт).

На крај додадете едно јајце и убаво промешајте. По потреба може да додадете и малку млака вода доколку ви се чини дека тестото е суво.

Промешајте добро со лажица а потоа фатете и со рака за убаво за да измеси тестото. Не е потребно многу да се работи тестото, туку само колку да се изедначат состојките.

Калапот/тепсијата во која ќе се пече погачата, намастете ја со малку масло и наросете ја со малку брашно. Вишокот истресете го. Тестото пренесете го во тепсијата и со раце истапкајте го до ѕидовите на калапот. Одозгора премачкјате ја погачата со малку млеко и наросете ја со малку сусам.

Потоа оставете ја да отстои 10-15 минути, додека се загрева рерната на 200 степени. Ставете ја погачата да се пече во загреаната рерна околу 25 минути додека убаво да зарумени.

Проверете со чепкалка дали е печена. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.