Цвеклото е сладок коренест зеленчук преполн со изненадувачки лековити својства и здравствени ефекти за човековиот организам. Тоа е природен антианемик, антибактерик, антипиретик, антиоксиданс, антисклеротик, детоксикант, диуретик…
Многу е богато со нитрати кои телото ги претвора во азотен оксид – соединение кое ги релаксира и шири крвните садови, претворајќи ги во “автопатишта” за нашата крв збогатена со хранливи состојки и кислород.
Слаткиот вкус на плодот потекнува од јаглехидратите, особено од сахарозата. Поради нутритивните својства и богатството од витамини и минерали, цвеклото може да го регулира крвниот притисок, да го намали ризикот од појава на срцеви болести, да го прочистува црниот дроб, лекува анемија, го подобрува варењето на храната и празнењето на цревата. Генерално, ја јакне отпорноста на организмот.
Ја регулира циркулацијата и крвниот притисок
Богатството од нитрати и високата концентрација од витамини и минерали, го квалификува цвеклото како одличен регулатор на нашиот крвоток.
Со оглед на тоа што ги релаксира и шири крвните патишта, цвеклото може да ја подобри циркулацијата, но и да го регулира крвниот притисок.
Една помала студија направена во 2012 година покажала дека 13 мажи кои ќе испиеле само една чаша сок од цвекло имале намалување на систолниот притисок, а три часа подоцна е забележано и помало згрутчување на крвта, во споредба со лицата кои пиеле вода.
Намалување на ризик од појава на срцеви болести
Цвеклото нема само потенцијално позитивно влијание врз крвниот притисок. Овој плод е богат со билниот алкалоид наречен бетаин, како и фолат Б-витамини.
Овие две состојки со заедничко дејство влијаат врз намалување на нивото на хомоцистеинот во крвта. Хомоцистеин е аминокиселина создадена со трансметилација на метионин.
Со зголемување на нивото на хомоцистеинот се зголемува и ризикот од несакани кардиоваскуларни заболувања, пред сè како што е оштетување на артериите и срцевите болести.
Инаку цвеклото исто таа е богато и со беталаиними, група моќни антиоксиданти и антиинфламаторни средства кои се борат против хронични болести поврзани со слободните радикали и воспаленија како што се срцеви болести, дебелина, а моментно се испитува и дејството на цвеклото како “борец” против ракот.
Го прочистува и регенерира црниот дроб
Нашиот црн дроб врши тешка задача во прочистувањето на нашата крв и “детоксикација” на телото. За да му ја олесниме оваа задача, можеме секојдневно да го почестуваме со порција цвекло. Истражувањата покажале дека бетаинот, аминокиселина која се наоѓа во цвеклото, може да помогне во спречување и намалување на наталожените масти во црниот дроб.
Студиите направени врз животни, на пример, покажале дека глувците на кои им бил даван сок од репка имаат повисоко ниво на детоксикациски ензими во крвотокот.
Од друга страна, истражувањата со луѓето со дијабетес покажале дека бетаинот ја подобрува работата на црниот дроб, малку го намалува холестеролот, а влијае и врз намалување на црниот дроб (во случај на негово зголемување).
Природен лек за анемични лица
Недостигот на црвени крвни зрнца или хемоглобин во крвта предизвикува состојба која е наречена анемија. Хемоглобинот е протеин богат со железо и поради него крвта има црвена боја.
На лицата кои патат од анемија им се препорачува воведување на цвекло во исхраната, бидејќи помага да се зголеми нивото на кислород, како и бројот на црвените крвни зрнца во крвта.
Овозможува редовно празнење на цревата
Еден од начините да се победи нередовноста на столицата и запекот е да се консумира храна богата со влакна, како што е цвеклото. Една чаша сок од цвекло има околу 4 г диететски влакна, особено нерастворливи влакна кои помагаат во намалување од појава на опстипација, хемороиди и дивертикулитис.
Се покажало дека бетаинот со кој е богата оваа репка, го подобрува варењето. Секако, треба да се земе во предвид дека нашата урина нема да биде единствената која поради цвеклото ќе ја промени бојата.
Не се вознемирувајте доколку забележите дека и столицата има поинаква боја. Тоа важи за период од 24 до 72 часа после оброк во кој било вклучено цвеклото.