Секогаш е потребен силен имунитет за да може организмот да се одбрани од нападите на вирусите, особено сега, кога целиот свет е зафатен со пандемијата..

Заштитата треба да биде надворешна и внатрешна. Како прво, лекарите препорачуваат што почесто миење на рацете со вода и сапун, не пократко од 20 секунди, користење на антисептици, да се седи дома доколку немате итна потреба од излегување и што пократко да престојувате во затворен простор каде има и други луѓе.

Витаминските “инјекции” кои можат да се приготват дома за само неколку минути, можат да му помогнат на телото во заштитата која доаѓа одвнатре.

Потребни ви се само 5 состојки кои можете лесно да ги пронајдете во локален супермаркет. Тоа се ѓумбир, лимон, портокал, куркума и црн пипер.

Зошто токму овие пет?

ЃУМБИР – има моќни антиоксидативни и противвоспалителни својства, што ги прави неопходен сегмент од секојдневната борба против вирусот.

КУРКУМА – овој зачин на вашиот напиток ќе му даде не само пријатна златна нијанса, туку и многу корисни својства. Го јакне имунолошкиот систем, ги намалува воспаленијата и ги елиминира токсините од телото.

ПОРТОКАЛ И ЛИМОН – Ги елиминираат штетните материи од телото, содржат висок процент на витамин Ц кој е добар за јакнење на имунолошкиот систем.

ЦРН ПИПЕР – Служи како вид катализатор и го умножува ефектот на останатите компоненти.

Потребни состојки:

1 голем портокал
2 помали лимони
½ шолја сечкан корен од ѓумбир
2 лажички куркума
малку свежо мелен црн пипер
1 лажичка маслиново или кокосово масло

Постапка:

Темелно измијте ги портокалот и лимонот, истретирајте ги со сода бикарбона, бидејќи е потребна и кората. Во кората се содржат до 70% од хранливите состојки, многу повеќе отколку во пулпата.

Исечете ги на големи парчиња, па додадете ѓумбир, куркума и црн пипер. Состојките ставете ги во соковник (ако ги блендирате, потоа моежете содржината да ја процедите). Добиениот напиток поделете го на два дела и испијте го во текот на денот на празен стомак.