Сочен гриз колач со ореви, се мери на чаша – лесен и брз за првање, а вкусот му е неодолив

Рецепт и видео презентација на “Шерпица” – Гриз колач.

Ќе уживате во секој залак, толку е вкусен овој колач. За приготвување најпрво се матат јајцата, а потоа сите течни состојки, па се додаваат сувите и добиената смеса се пече и се прелива со сируп. Брзо, едноставно, а неодоливо!

Потребни состојки:

4 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша брашно
1 чаша мелени ореви или лешници
2 чаши гриз
1 чаша масло
1 чаша млеко
1 прашок за печиво

За прелив:

250 г шеќер
400 мл вода
1 ванилин шеќер
1 лимон – кора
За премачкување:
2 изматени шлага
малку мелени ореви за декорација

Постапка:

Вклучете ја рерната на 200 степени. Плех со диманзии 20х35 см намастете го со масло и наросете го со брашно, а вишокот истресете го.

Изматете ги пенасто јајцата, па додадете го шеќерот и продолжете да матите додека тој да се растопи а смесата да згусне и побели. Додадете ги и течните состојки (млекото, маслото), па додадете ги сувите состојки (брашно, гриз, ореви).

На крај додадете го прашокот за печиво, па добиената смеса излејте ја во приготвениот плех и ставете да се пече во загреаната рерна околу половина час.

Додека се пече колачот пригответе го сирупот. Сварете ја водата заедно со шеќерот, ванилата и ренданата кора од еден лимон, околу 5 минути откако ќе зоврие.

Врелиот, печен колач прелијте го со топлиот сируп и оставете го да се олади. На крај изматете шлаг па премачкајте го колачот рамномерно преку целата површина.

Одозгора наросете една рака мелени ореви. Најубав е кога ќе кога ќе се послужи изладен од фрижидер. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Loading...