За витаминот Д се пишуваше многу, особено за неговата важност кога станува збор за имунитетот и способноста на организмот да се одбрани од штетните влијанија и нападите на разни микроорганизми.
Во отсуство на сонце особено во зимскиот период кога сè помалку го има, принудени сме овој важен витамин да го консумираме во вид на додаток на исхрана-суплемент. Но, колку долго смее да се употребува?
Капките Д3 или вигантол се консумираат во континуитет од 3 месеци (или според препораката на лекарот), но што е со таблетите?
Јакнењето на имунитетот треба да биде наша секојдневна грижа, а не само во кризни здравствени ситуации како што е оваа епидемија – рече познатиот имунолог проф. д-р Борислав Каменов.
Витаминот Д многумина го препорачуваат против koвид, а имунологот објасни колку долго смееме да го пиеме овој витамин.
Природно е многумина да се заинтересирани за оваа тема, да бараат одговори на разни страници и медиуми, но за жал има голем број непроведени и неточни информации, совети и препораки.
Професорот д-р Борислав Каменов, имунолог, изјави дека за јакнење на имунитетот важно е секојдневно да се внесуваат витамините Ц и Д, како и цинк и селен.
Имунитетот се гради цел живот. Дури, тој се гради и пред раѓање, за време во мајчината утроба… за да се подигне витаминот Д во организмот, потребно е доста време – рече д-р Каменов.
Витаминот Д не се внесува само преку храната, туку и преку сонцето. Кога го нема доволно, ние сме во еден голем дефицит – напомена тој.
Имунологот исто така, говореше и за значењето на пробиотиците, па истакна дека тие се многу важни кога организмот е преоптоварен со вируси и отрови.
Говорејќи за храната и за тоа дали има таква која содржи природни пробиотици, тој рече дека таквата храна постои и дека повеќето луѓе се запознати, односно знаат за кој вид храна станува збор. Меѓутоа, кога кај некој ќе се појави некаков проблем, тогаш нему природните пробиотици не можат да му помогнат.
Киселата зелка на пример има природни пробиотици кои им помагаат на добрите бактерии да преживеат.
Нас пробиотиците нè штитат од вируси… и во комбинација со витамин Д делуваат комплементарно. Исто така, докторот рече дека треба да се читаат декларациите, бидејќи некои препарати можат да бидат и прилично штетни.
Витаминот Д може да се пие во текот на цела зима и не можеме да се предозираме со него – вели д-р Каменов.