Фото и рецепт на Јована Маргетиќ – Пенасти бонбони.
Вкусни шеќерни бонбони кои се меки, пенливи и сунѓерести. Се приготвуват со една белка од јајце, шеќер и желатин, а по вкус се додава кокос или арома за боја по вкус. Се валкаат во шеќер во прав или кокос.
Потребни состојки:
2 кесички желатин
100+150 мл вода
1 белка
100+50 г кокос
½ арома по избор
200 г шеќер
200 г шеќер во прав
Постапка:
Најпрво прелијте го желатинот со 100 мл вода и оставете го на страна додека да набубри. Во друг сад растопете 200 г шеќер со 150 мл вода.
Во чинија со средна величина ставете една белка и изматете ја со миксер додека да стане пенасто. Постепено додавајте 200 г шеќер во прав и матете 10-15 минути додека целосно да се соедини и да стане густо.
Истопениот шеќер префрлете го во поголема чинија додека е уште топол, па постепено во тенок млаз додавајте го во изматената белка, за цело време матејќи со миксерот.
Сега желатинот растопете го на тивок оган или на пареа, внимавајќи да не зоврие. Уште додека е топол додавајте го во смесата и повторно матете 10-15 минути додека смесата да стане целосно густа.
Кога смесата е изматена поделете ја на два дела. Во едната половина додадете 100 г кокос, а во другиот дел додадете арома по вкус (јас ставив јагода).
Плех со димензии 36 смх21 см малку намастете го со масло, па ставете хартија за печење (ќе се залепи за плехот поради маслото) и излејте ја прво белата смеса, израмнете, па розевата смеса.
Оставете во замрзнувач 3 часа, па потоа извадете, сечете по желба и бонбоните валкајте ги во кокос. Може да се прават и без кокос, со повеќе различни вкусови/бои, да се валкаат во шеќер во прав…
Фото и рецепт на Јована Маргетиќ