Рецепт и видео презентација на Гала Храна (Gala Food) – Маракони од рерна без варење.

Кога немате време во кујна да сечкате и со часови да стоите врз јадењето, овој рецепт секогаш можете да го употребите за да приготвите брзо и вкусно јадење. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

3 јајца
25 мл масло
1 лажичка сол
1 литар газирана вода
200 г ситно сирење (тврдо бело)
350 г макарони

Постапка:

Во подлабок сад изматете 3 јајца во маталка, па додајте еден мал филџан за кафе масло, посолете со лажичка сол и додајте 1 литар газирана/минерална вода.

Промешајте за да се изедначат состојките, па додајте 200 г издробено сирење. Промешајте со маталката и изедначете ја смесата.

Макароните истурете ги во плех со димензии 22х32 см и рамномерно распоредете ги. Прелијте ги со претходно приготвената смеса. Покријте ги со фолија и ставете ги во загреана рерна на 220 степени и печете ги околу 40 минути.

Врз потпечените макарони распоредете 50 г рендан кашкавал и вратете ги во рерна да се допечат уште 15 минути без фолија. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.