Фото и рецепт: Марина Мишкиќ – Едноставен колач со кокос. Видео презентација на Наташа Пралица. Кокос коцките се сврстени во брзински рецепти, бидејќи целиот колач се пече заедно со филот. Освен што се едноставни и многу се вкусни. Колачот е сочен и се топи во уста.
Потребни состојки: 4 јајца, 12 лажици шеќер, 12 лажици брашно, 1 прашок за печиво, 100 мл масло, 100 мл млеко, 1 лажица какао. За фил: 500 мл млеко, 3 лажици брашно, 10 лажици шеќер, 100 г кокос. За глазура: 150 г чоколадо за готвење и 5 лажици масло
Постапка: Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот додека тој да се растопи, а тие да се згуснат. Додадете масло и млеко, па кратко измиксајте. Посебно измешајте го брашното со прашокот за печиво, па соединете го со претходната смеса од јајца.
Кога убаво ќе се изедначи смесата, поделете ја на два дела, а во едниот дел додадете какао и промешајте. Плех со димензии 21х36 см намастете го и наросете го со брашно, а вишокот истресете го.
Делот со какаото распоредете го во плехот и ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени, 10 минути. Додека се пече бисквитот пригответе го филот.
Во еден сад измешајте брашно и шеќер со малку млеко, а остатокот од млекото ставете го на оган. Кога ќе зоврие тргнете го на страна и додадете го разматеното брашно. Вратете на умерен оган и со постојано мешање варете го кремот додека да згусне (да се појават меурчиња). Тргнете го на страна и додадете го кокосот.
Откако ќе го извадите бисквитот од рерна, преку него распоредете го филот. Преку филот распоредете го преостанатиот светол дел од смесата за бисквитот. Вратете во рерна да се допече уште околу половина час.
Печениот колач оставете го да се олади. За глазура растопете го чоколадото со маслото, малку оставете да подизлади па прелијте ја преку колачот. Деталите од целата постапка може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
Фото и рецепт: Марина Мишкиќ