Супстанцијата што ја дава црната боја на бобинките е многу моќна во борбата против вируси и некои видови на рак, го јакне имунитетот и белите дробови!
Бобинките од црн бозел се еликсир на здравјето и виталноста на целиот организам. Сигурно досега сте слушнале за бозелот, за сирупот што се приготвува од неговите цветови, но и за лековитите состојки на црните бобинки кои помагаат во лекувањето на настинка, кашлица, за превенција од рак, за подобрување на имунитетот..
Голем дел од вас, нашите читатели, ни испративте сопствени искуства и споделивте рецепти. Во што се крие тајната на црниот бозел и зошто е толку лековит? Некои извори укажуваат на тоа дека бобинките од црниот бозел се користеле уште многу одамна, од прастаро време, и дека бил меѓу најомилените билки на Египќаните.
Хипократ оваа билка ја нарекол “ковчег на здравјето”, поради своите лековити својства и бидејќи се користела како лек за голем дијапазон болести.
Sambucus nigra или црн бозел е билка чие примарно растела во Европа, Африка и во југозападна Азија, но се пренела и во Америка (западниот дел од Северна Америка). Покрај називот црн бозел, оваа билка може да се сретне и под името европски бозел или европски црн бозел.
Црните бобинки се вистинска ризница од клучни супстанции неопходни за здравјето, па поради тоа во последно време многумина ги користат за лекување на настинки, грип и кашлица, проблеми со синуси, воспаление на бели дробови, опстипација, алергии, карциноми, подигање на имунитет, елиминација на масти и холестерол од организмот.
СИЛНА НАСТИНКА, ГРИП И КАШЛИЦА
Борбата против настинките, грипот и пропратните симптоми како што е кашлицата, се болести каде што црниот бозел најмногу се применува. Чајот од црн бозел е одличен начин за заштита од грип во зимските месеци, во текот на траење на епидемија или доколку патувате во подрачја каде што владее епидемија.
Кога пред 20-тина години американската држава Панама била погодена со епидемија на грип, нејзината влада јавно го поддржала и препорачувала користење на оваа билка.
Црниот бозел во себе содржи соединенија кои се нарекуваат антоцијанидини (антоцијани) кои, освен што ја даваат бојата, го стимулираат и јакнат имунитетот и одбранбената способност на организмот.
Неколку студии научно докажа дека активните материи кои се содржат во црниот бозел ги ублажуваат и елиминираат симптомите од настинка и грип. Конкретно, флавоноидите се врзуваат за вирусот на грипот, како што се N1H1 (свински грип) и N1 H5 (познат како птичји грип).
Доколку пиете чај од цен бозел во првите 48 часа од настинката, траењето на симптомите на болеста се скратуваат во просек за 4 денови. За разлика од лековите против грип, чајот од црн бозел не предизвикува пропратни, несакани ефекти, како што се поспаност и летаргија.
Чајот се приготвува исклучиво од сув цвет и бобинки. Во чајник загрејте вода до зовривање. Во шолја од 200 мл ставете 1 супена лажица сув црн бозел, прелијте со врела вода и оставете да поклопено да отстои 10 минути. За ова време цветот и бобинките ќе ги ослободат своите лековити состојки. После тоа процедете го чајот, засладете по вкус и пијте додека сè уште е топол. Доколку користите чај за јакнење на имунитетот или за слабеење, може да го консумирате и ладен.
ДОМАШЕН СИРУП ОД ЦРН БОЗЕЛ
Во текот на зимските месеци, кога настинките и епидемиите на грипот се неизбежни, една од можностите за да се заштитите себеси или побрзо да се излекувате, е домашниот сируп од црн бозел.
Потребни состојки:
3,5 шолји ладна вода
2 шолји бобинки од црн бозел
1 лажица свеж или сув сечкан корен од ѓумбир
1 лажичка цимет во прав или стапче цимет
1 шолја мед
Постапка:
Во едно тенџере ставете вода, црн бозел, ѓумбир и цимет. Загревајте додека да зоврие, а потоа намалете го огнот и на тивко динстајте 40-тина минути, додека течноста да се намали на половина од почетната.
Тргнете ја мешавината од шпоретот, изгмечете ги бобинките, процедете ја смесата, а потоа додадете мед и добро измешајте. Складирајте во стаклен сад, затворете и консумирајте двапати дневно по една супена лажица. На деца се дава половина од оваа доза.
ВОСПАЛЕНИЕ НА СИНУСИТЕ
Сите кои патат од затнат нос, т.е. имаат проблем со синусите, знаат колку е тешко нормално да се функционира во секојдневниот живот.
Антиинфламаторните својства, заедно со антиоксидантите кои ги содржи во себе, го прават црниот бозел природен лек против воспалени синуси. Институтот за интерна медицина при Универзитетската болница во Цирих, Швајцарија, утврдил дека во цветот на оваа билка се наоѓа соединението познато како синупрет.
Синупрет се користи во лекувањето на бактериски воспаленија на синусите, особено во комбинација со антибиотик (на пр. Доксициклин) и деконгестив. Кај пациентите кои во лекувањето вклучиле синупрет имало видно подобрување во однос на оние кои не го користеле.
ЦРН БОЗЕЛ – ПОМОШ ПРИ СЛАБЕЕЊЕ
Свежи бобинки во себе содржат 80% вода, 18% јаглени хидрати и помалку од еден процент протеини и масти, па се идеални за слабеење. Од важни хранливи материи најмногу е застапен витамин Ц, а тука се и витаминот Б6 и А, железо и калиум, па е одличен извор за сила на нашиот организам.
Во едно истражување кое било спроведено на Институтот за судска медицина при Универзитетот во Фрајбург во Германија, учествувале 80 лица.
Сите тие секојдневно консумирале сок или чај од црн бозел или таа била додавана во сосови и јадења. Со ова испитување било доакажно и потврдено дека соединенијата на оваа билка влијаат врз природното согорување и елиминација на мастите од организмот, намалување на холестеролот и влијаат врз физичкото и менталното здравје на телото.
Покрај тоа што го забрзува процесот на слабеење, се препорачува и за лица кои се изложени на голем гизички напор или стрес.
ПРЕВЕНЦИЈА ОД КАРЦИНОМ
Бобинките од црн бозел, особено на оној европскиот, во себе содржат многу соединенија кои се покажале како одлични во превенција од појава на малигни клетки или рак. Антоцијанините имаат одлични антиканцерогени својства кои се го успоруваат и го оневозможуваат развојот на малигните клетки.
Овие соединенија ги напаѓаат канцерогените клетки и го зајакнуваат одбранбениот систем на организмот, па можноста од појава на малигниет и метастази драстично се намалува.