Насекаде може да се прочита колку е кефирот здрав, па благодарение на него Тибетанците живеат повеќе од 100 години, но и дека оној од продавниците, не е ни блиску по квалитет на домашниот кефир.
“Слушнав за зрната од Кефир, односно габата за Кефир, се распрашав по пријателките и успеав да ја добијам!
Одлучив, вечерата да ја заменам со чаша од овој напиток., а го подготвував на следниот начин:
Секоја вечер го процедував кефирот низ пластична цедалка, каде на крајот остануваа кефирните зрнца.
Потоа, зрната ги миев под силен млаз вода, за добро да се исчистат од засиреното млеко и наслагите.
Кога кефирните зрна се добро измиени, се ставаат во стаклена тегла и се преливаат со свежо, загреано на собна температура козјо или кравјо млеко.
Така натопените кефирни зрна, се оставаат 24 часа, а врз теглата се става газа. Следниот ден, кефирот се процедува и се пие.
Многу е важно Кефирот да не се чува во фрижидер, ниту на сонце, како и тоа, да не се меша со метална лажица, туку со дрвена или пластична!
А сега она најинтересното. Што добила од Кефирот, колку ослабела?
Мојот третман со кефир траеше еден месец. Појадокот и ручекот ми беа вообичаени, а за вечера пиев 250 милилитри Кефир.
Само после седум дена, почнав да чувствувам дека имам зголемено ниво на енергија, ми се подобри метаболизмот и пробавата, чувствував некој вид на свежина после секоја испиена голтка Кефир!
После 2 недели забележав дека пантолоните во струкот ми се покомотни, а третата седмица забележав дека стомакот ми е значително намален. Вагата покажуваше 3 килограми помалку!
Со оглед на тоа што не променив ништо во исхраната, освен додатокот на Кефир, овој напредок на моите здравствени перформанси и слабеењето, му ги препишувам исклучително нему”, пишува српски Курир.