-Исклучително е корисно за длабинско чистење на вагината

Парењето на вагината во кинеската медицина се спроведува за да се постигне ширење на крвните садови, подобра циркулација а со тоа и подобра исхранетост во ткивото, како и за опуштање на мускулите од дното на карлицата.​

Што треба да знаете за парењето на вагината?

Најдобро време за парење е по завршетокот на менструацијата. Мора да го одбегнувате вагиналното парење ако се сомневате дека сте бремени.

Парењето се изведува во времетраење од 20 и 45 минути а притоа мора да се внимава изворот на пареата да не биде преблиску до кожата за да не дојде до изгореници. Исто така е исклучително важно да знаете доволно за билките врз кои ќе се пареете.

Најдобар избор на билки за парење на гениталната област се: рузмарин, лаванда, оригано, босилек, ружа, камилица.

Како да ја приготвите водата за парење?

Сварете две-три литри вода па во неа додадете суви билки по ваш избор. Ставете една шолјичка билка во водата.

Ако користите свежи билки, тогаш удвојте ја количината бидејќи сувите билки содржат поголема концентрација на лековити состојки од свежите.

Оставете билките малку да провријат заедно со водата, околу 10-тина минути, па потоа оставете да отстои околу 5 минути.

Оваа течност излејте ја во леѓен, па сместете се над него, поудобно колку што можете. Околу половината завиткајте пешкир или ќебе, направете еден вид шатор за да не излегува пареата.

Вакво парење на вагината правете околу половина час. Ако после парењето почувствувате грчеви или имате зголемен секрет – тоа е сосем нормално, особено ако ви е првпат. Тоа е знак дека започнало чистењето.