Рецепт и видео презентација на “Неодоливи вкусови” – Брза кекс торта со ореви.
Оваа брза кекс торта со ореви е целата кремаста, лесна и вкусна. Едноставно се приготвува само од неколку состојки.
Потребни состојки:
250 мл зовриена вода
300 г мелени ореви
250 г несолен путер, омекнат на собна температура
220 г шеќер во прав
250 мл млеко
2-3 лажици рум (наместо рум може и сок од портокал или 1 лажица екстракт од рум)
580 г петит кекси
ореви за наросување, половина мелени, половина сечкани
Постапка:
Оревите попарете ги со 250 мл зовриена вода, мешајте една минута додека да се соедини смесата, па тргнете го садо од оган и оставете го на страна целосно да излади.
Во меѓувреме пенасто изматете го путерот. Додадете шеќер во прав и продолжете со матење додека да стане кремаст.
Во изматениот путер додадете ги целосно изладените ореви и убаво соединете. Филот поделете го на четири еднакви делови.
Бисквитите натопувајте ги во млеко со рум (или со сок од портокал) и редете ги во правоаголен калап, во 4 реда по 5 бисквити (20 бисквити во еден ред).
Преку секој ред нанесете ¼ фил. Најгоре и странично наросете мелени и сечкани ореви. Пред сечење и послужување тортата треба да отстои во фрижидер, најдобро преку ноќ. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.