Рецепт и видео презентација на “Вкусна Храна” – Карамели со чоколадо. Карамелите со чоколадо се ситни чоколади кои се приготвуваат за само 10 минути. Имаат вкус на најубавите купечки чоколадо со лешник.

Потребни состојки: 400 г шеќер, 100 мл вода, 70 г путер, 100 г млеко во прав, 100 г мелени кекси, 25 г какао во прав, 50 г чоколадо за готвење и 50 г сечкан лешник

Постапка: Во тенџере на умерен оган ставете го шеќерот со водата и загревајте со постојано мешање додека да се растопи. Исклучете го огнот, но оставете го тенџерето на топлата рингла. Додадете го чоколадото и путерот, па мешајте додека и тие да се растопат и да се соединат во компактна смеса.

Потоа додадете го какаото, мелените кекси и промешајте за да се соединат. Додадете го млекото во прав и добро изматете. На крај промешајте го и исечканиот лешник.

Помал калап со димензии 23х13 см обложете го со проѕирна фолија, па во него рамномерно излејте ја приготвената смеса и добро израмнете. Оставете да се олади и стегне, а потоа исечете на мали коцкички. Вашите карамели се готови. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.