Фото и рецепт на Валентина Ковачевиќ – Неделен колач – оревови шнити. Во старите тетратки на вашите баби може да го пронајдете запишан како “марципан” колач или “неделен” колач или “оревови шнити”. Како и да е, колачот е многу вкусен, сочен и излегува доста. За мерење на состојките се користи помала шолја од 100 мл.
Потребни состојки: 3 јајца, 5 шолји (од 100 мл) шеќер, 3 шолји масло, 5 шолји брашно, 2 шолји мелени ореви, 4 шолји млеко и 1 прашок за печиво. За прелив: 15 рамни лажици шеќер, 5 лажици вода, 100 г чоколадо, 125 мл путер/маргарин и 5 шолји мелени ореви
Постапка: Три цели јајца се матат пенасто со 5 шолјички шеќер, додека тој да се растопи и јајцата да згуснат и побелат. Потоа во смесата се додава 3 шолји масло, 5 шолји брашно, 2 шолји мелени ореви, 4 шолји млеко и 1 кесичка прашок за печиво.
Убаво се промешува сè за да се изедначат состојките, а смесата се излева во намастен (и наросен со брашно) плех 20х30 см или калап 32 или 34. Се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45 минути. Проверете со чепкалка кога е готово.
За фил: 15 лажици шеќер прелијте со 5 лажици вода, ставете на рингла, на средна температура. Додадете искршено чоколадо, па кога ќе почне да се топи додадете го и путерот.
Кога и тој ќе се растопи, тргнете го тенџерето од садот, па додадете 5 шолји мелени ореви и додека е врело прелијте го врз колачот и рамномерно распоредете. Кога ќе излади пресечете и послужете.
Фото и рецепт на Валентина Ковачевиќ