Кога имаме чувство дека нешто веќе ни се случило, всушност телото нè предупредува и испраќа сигнали

“Дежа ви” или “веќе видено” (француски Déjà Vu) е сигнал кој го испраќа мозокот и нè предупредува преку ова чудно искуство.

Само 20 до 40% од луѓето никогаш не го искусуваат чувството на “веќе видено”.

Дали и вам ви е познато она кога ќе изговорите реченица, а секунда подоцна ви се чини дека веќе сте ја кажале и тоа токму на истата личност во истиот тој момент, како истата ситуација веќе еднаш претходно да се случила?

Loading...

Тоа е феномен наречен промнезија, попознат под името “дежа ви” или “веќе видено”. Помеѓу 60 и 80% од луѓето во светот барем еднаш имале дежа ви.

Дали знаевте дека оваа појава некогаш може да биде сигнал преку кој вашето тело ве предупредува на нешто? Еве што ви говори организмот кога искусувате дежа ви.

МЛАДИ СТЕ

Првиот дежа ви најчесто се случува на возраст од околу 10 години или помалку. Исклучително е ретко кај деца помлади од 6 години. Периодот кога се случува е најчесто на возраст од 15 до 25 години. После тоа, дежа ви станува се поретка појава.

МОЗОКОТ ОДЛИЧНО ВИ ФУНКЦИОНИРА

Бидејќи оваа појава се губи како што старееме, доколку сепак ви се случува дежа ви и во подоцнежни години, тоа значи дека имате здрав ум и сигнал дека и натаму сте во состојба да воочувате неправилности.

НЕСИНХРОНИЗИРАНО ПАМТЕЊЕ

Многу експерти веруваат дека дежа ви е некако поврзан со начинот на кој ги “привикувате” сеќавањата. Промнезијата би можела да биде одговор на ситуација која доста потсетува на некое искуство од минатото на кое вие не се сеќавате добро.

Можеби таа се случила кога сте биле многу мали или пак не можете да се сетите од некои други причини. Човекот во текот на денот забележува многу детали, но не ги памти сите. Можеби токму поради некои ситни детали кои сте ги заборавиле, сте добиле чувство дека нешто веќе ви се случило.

МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПРЕТСТОЕН НАПАД

Постојат многу различни физички или ментални знаци кои нèпредупредуваат пред напад, а еден од нив може да биде дежа ви. Ако веќе сте имале напади, добро обратете внимание, па доколку ви се чини дека околината околу вас ви е веќе позната, а сигурни сте дека не е така.

Според научниците, истото тоа може да ви се случи и доколку немате невролошки проблеми. Тие тврдат дека дежа ви се случува во истиот дел од мозокот кој е одговорен и за нападите. Исто така, еден дел од научниците веруваат дека дежа ви е одложен пренос на информации помеѓу ушите, очите и другите сетила.

ПРЕМНОГУ СТЕ УМОРНИ ИЛИ СТЕ ПОД СТРЕС

Кога сте под голем стрес или сте исцрпени, може да дојде до тоа чудно чувство. Лекот за вас во тој случај е одмор и опуштање.

Експертите велат дека причината лежи во тоа што кога сме под стрес, вниманието е намалено. На пример, кога маж запросува жена, ако неа започне да ја дефокусира некоја бучава од близина, таа може да застане за секунда и да размисли за бучавата.

Кога ќе се “врати во реалноста”, може да искуси дежа ви, бидејќи и се чини дека веќе била во таа ситуација – што е и точно, само пред неколку моменти. Мозокот е навистина неверојатен!

СИМПТОМ НА АНКСИОЗНОСТ

Забележани се случаи на промнезија предизвикани поради анксиозност. Дежа ви во овој случај ја влошува состојбата, но научниците велат дека дека се потребни уште анализи и студии за да се утврди точната поврзаност помеѓу овие две појави.

Loading...