Home Рецепти Брзи мини уштипци кои не впиваат масло – одлични за појадок или...

Брзи мини уштипци кои не впиваат масло – одлични за појадок или вечера

Фото и рецепт: Маја Остојиќ – брзи мини уштипци.

Ова е тесто со јогурт и прашок за печиво, па затоа е добро бидејќи не впива масло при пржењето, а не е ни пресилно. Оваа количина е сосем доволна за двајца убаво да се најадат. Може да се комбинираат во солена или слатка варијанта.

Потребни состојки:

1 големо јајце
1 чаша (од 200 мл) јогурт
2 чаши брашно
½ кесичка прашок за печиво
½ лажичка сол
масло за пржење

Постапка:

Во подлабок сад со миксер изматете едно јајце, па додадете една чаша јогурт, а потоа со постојано матење постепено додадете две чаши брашно помешани со половина кесичка прашок за печиво и половина лажичка сол.

Во помало тенџере од 1 литар ставете масло да има 1 см висина, па загрејте го. Откако ќе се загрее намалете ја температурата на умерено.

<

Со мала лажичка вадете ги уштипците, но претходно натопувајте ја во загреаното масло, па пржете ги.

По потреба вртете ги за да се испржат од сите страни, иако тие и самите се превртуваат. Пржените вадете ги во чинија за послужување и послужете ги со сирење, ајвар… но може да ги послужите и во слатка варијанта со џем, крем, течно чоколадо, шеќер во прав.

Фото и рецепт: Маја Остојиќ