Магдоносот е исклучително делотворен како средство кое поттикнува излачување на штетни материи од организмот, а поволно влијае врз циркулацијата, а исто така, помага при случаи на тегоби со срцето.
Сокот од магдонос и лимоб го намалува холестеролот во крвта. Овој сок треба да се пие секој ден по 100 мл.
Потребни состојки:
1 ½ литар вода
3 китки магдонос
1 кг лимон
1 кесичка сода бикарбона
Постапка:
1.Водата ставете ја да зоврие и оставете да излади (или користете дестилирана вода)
2.Магдоносот измијте го. Користете ги сите делови освен коренот.
3.исечкајте го магдоност на покрупни делови.
4. Лимонот истријте го со сода бикарбона и малку вода, па потоа добро исплакнете го со врела вода.
5.Лимонот исечете го на тркалца.
6. Во изладената вода ставете ги лимонот и магдоносот.
7.Складирајте и чувајте на ладно место, 24 часа повремено промешувајќи.
8. Следниот ден, по изминатите 24 часа, целата смеса измиксајте ја во блендер, до изедначување.