Фото и рецепт: Милица Гвериќ – смеса за имунитет со семе од коприва.

Семето од коприва се користи како природен лек за анемични и слаби лица. Целата коприва, а особено семето е најдобриот природен лек за анемичните и слаби лица, бидејќи ја јакне крвта и го зголемува нивото на железо во крвта. Сами можете да си го приготвите лекот против анемија на многу едноставен начин.

Потребни состојки:

500 г природен квалитетен мед, 4 поголеми лимони, 100 г семе од коприва, 300 г ореви

Постапка:

Семето од коприва сомелете го во блендер или електрична мелница за кафе, а оревите сомелете ги машинка за мелење јаткасти плодови. Семето од коприва во прав заедно со мелените ореви добро измешајте ги, па додадете сок од исцеден лимон и мед. Мешајте додека сите состојки да се соединат. Смесата складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер. Се консумира секое утро по една супена лажица на гладно.

Лимонот е голем извор на витамин Ц кој ја подобрува апсорпцијата на железото. Исто така, копривата е природен концентрат на витамини и минерали. Младиот лист од коприва на пример, содржи неколкупати повеќе витамин Ц отколку зелената салата или друг зеленчук.

Доколку сакате да го зајакнете имунолошкиот систем на вашиот организам, тогаш направете го мевлемот за имунитет.

Потребни состојки:

1 кг ливадски природен мед, 100 г ореви, 100 г бадеми, 200 г ленено семе, 50 г семе од коприва

Постапка:

Бадемите и оревите сомелете ги во машинка за мелење на јаткасти плодови, а лененото семе и семето од коприва сомелете ги на електрична мелница за кафе. Потоа сите состојки соединете ги. Додадете го медот, па добро промешајте до изедначување. Може да се консумира по неколку пати во текот на денот, по една лажичка.

Семето од коприва е делотворно и во природниот сируп против кашлица.

Потребни состојки:

2 главици црвен кромид, 4 ореви со лушпа, 20 г семе од коприва, 750 г природен мед

Постапка:

Од кромидот отстранете ја само најгорната лушпа и потсечете го коренот. Потоа пресечете ги главиците на половина. Оревите убаво измијте ги заедно со тврдата лушпа, а потоа само малку поткршете ги.

Потоа кромидот, поткршените ореви и семето од коприва ставете ги во еден литар вода и варете ги додека да остане само една четвртина од вкупната смеса. Процедете и кога ќе биде млако додадете 750 г мед. Измешајте, а од сирупот пијте повеќепати во текот на денот, додека да се смири кашлицата.

Фото и рецепт: Милица Гвериќ